Едмонд Темелко
Едмонд Темелко (Пустец 1972) — македонски политичар во Албанија. ЖивотописОсновното и средното образование Темелко го завршил во родното место, а дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана. Покрај политичкиот ангажман, Темелко водел приватен бизнис. Политичка кариераПо победата на изборит,е одржани на 18 февруари 2007 година, Темелко станал градоначалник на Општина Пустец во областа Мала Преспа во Албанија. Во претходниот состав на Советот на општина Пустец, тој бил советник. Тој е еден од основачите и претседател на македонската организација „Преспа“ во Република Албанија, која тесно соработува со Светскиот македонски конгрес, ОМО „Илинден“ - ПИРИН, „Виножито“ и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората.
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia