Едноцилиндричен мотор![]() Едноцилиндричен мотор е наједноставниот вид на клипен мотор со внатрешно согорување. Често се користи кај мотоциклите но наоѓа најразновидни примени кај моторните алатки, градинарската машинерија, но и кај некои автомобили и трактори. Предности и недостатоци![]() Едноцилиндричните мотори се едноставни и компактни, и обично дава повеќе сила во даден опсег. Меѓутоа овие мотори се склони на бука и вибрација, освен ако ова не е решено со рамнотежни оски. Моментот на инерција е претежно висок, ограничувајќи нагли промени во брзината и забрзувањето. Разладувањето е поедноставно од она кај повеќецилиндричните мотори, што потенцијално заштедува тежина. Меѓутоа големата неурамнотежена клипна инерција ја ограничува максималната брзина на моторот и натој начин, целокупната излезна сила. Затоа оваа конфигурација се среќава кај помали мотори. Употреба![]() Сите рани автомобили и мотоцикли биле едноцилиндрични, како и бродските мотори. Ваквите мотори и денес нашироко се употребуваат во мотокросот и кај сите висови на пренослив алат и градинарски направи како косилки за трева. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia