Едуардо Кварежма
Едуардо Филипе Кварежма Коимбра Симоеш (роден на 2 март 2002 година) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон и на португалската репрезентација под 21 година. Технички карактеристикиЦентрален дефанзивец со добра техника и чисти интервенции. Добар во маркирањето, својата идеална позиција ја пронашол како десен централен одбранбен играч во одбрана од три играчи.[2] Клупска кариераРоден во Бареиро, Округот Сетубал, Кварежма се приклучил на младинската академија на Фабрил Бареиро на 3-годишна возраст пред да се пресели во Спортинг Лисабон во 2011 година.[3] Израснат во младинскиот сектор на Спортинг, тој го направил своето деби за првиот тим на 4 јуни 2020 година, играјќи во натпреварот од Примеира лига против Виторија Гимараеш, кој завршил нерешено 2-2.[4][5] Репрезентативна кариераКварежма бил младински репрезентативец на Португалија во сите селекции, од под 15 до под 21 година. СтатистикаСтатистиката е ажурирана на 17 мај 2025. Клупска статистика
ТитулиКлупски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia