Екернферде
![]() Екернферде (германски: Eckernförde; дански: Egernførde, долногермански: Eckernför) — град во округот Рендсбург-Екернферде, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, на брегот на Балтичкото Море, околу 30 километри северозападно од Кил. Екернферде е омилено туристичко одредиште во северна Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Шлај-Балтичко Море, иако самиот град не е член на заедницата. ИмеИмето на Екернферде е од мешано потекло, но изведено од името на дански замок порано сместен близу денешниот град, кој исто така се сретнува во името на градскиот округ Борби. Ова утврдување е запишано во XIII век како Ykærnæburgh.[2] Во 1441 година, градот го користел официјалниот печат во неговото име како Ехернеборг (Eherneborgh).[3] Првиот слог се однесува на денешниот дански збор „егерн“ кој означува верверица, додека „-ферде“ доаѓа од долногерманскиот јазик и означува фјорд.[2] Вториот слог -ферде е забележан во латинизираната форма на двата официјални печати користени во градот во 1602 и 1624 година.[3] Етимологијата на името на градот е прикажана преку верверицата во грбот на градот, првпат забележан во печатот од 1441 година. Историја
СтопанствоНа почетокот на XX век, Екернферде бил познат по неговото пристаниште, рибарството, трговијата со земјоделски производи и производството на сол и железни добра.[6] Сите подморници на Германската морнарица се сместени во Екернферде. Покрај тоа, во градот се наоѓа и седиштето на БЕХН, претпријатие за алкохолни пијалаци, основано во 1792 година. Седиштето на СИГ Зауер исто така се наоѓа во градот. СообраќајЖелезничката линија Кил—Фленсбург поминува низ градот, на која се наоѓа и железничката станица во Екернферде, сместена во западниот дел на градот. Главната автобуска станица е поврзана со железничката станица. Железницата припаѓа на Германските железници. Екернферде има четири автобуски линии низ градот, кои ги опслужува со нископодни автобуси. Во градот не сообраќаат трамваи или тролејбуси. Во Екернферде се наоѓаат два пункта за изнајмување велосипеди, една близу плажата и еден во пешачката зона. Поголем меѓународен аеродром претставува Хамбуршкиот аеродром. Меѓународни односиЗбратимени градовиЕкернферде е збратимен со следниве градови:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia