Економски материјализамМатеријализам — прекумерна желба за стекнување и потрошување материјални добра. Тој е често поврзан со системот на вредности според кои социјалниот статус се одредува според богатството (со видливата потрошувачка), како и перцепцијата дека среќата може да се зголеми преку купување, трошење и акумулирање на материјално богатство. ДефиницијаМатеријализмот како лична особинаКонцептуализација на материјализмот според Белк вклучува три особини на личноста.[1]
Материјализмот како вредностМатеријализмот како вредност е кога стекнувањето на материјални добра функционира како централна цел во животот со верувањето дека тие се клучот за среќата и дека успехот може да се суди според материјалното богатство на луѓето.[2] Материјализмот и среќатаКористејќи две мерки на субјективна благосостојба, една студија покажа дека материјализмот е негативно во врска со среќата, што значи дека луѓето кои се со тенденција да бидат материјалисти, исто така, биле помалку среќни.[3] Кога луѓето добиваат многу задоволство од купувањето на нешта и веруваат дека стекнувањето на материјални добра се важни животни цели, тие имаат тенденција да имаат пониско задоволство од животот.[4] Материјализмот исто така е позитивно во корелација со повеќе сериозни психолошки проблеми како што се депресија, нарцизам и параноја.[5] Истражувањата исто така покажуваат дека купувања направени со намера да се стекнат искуства во животот, како што е семејниот одмор ги прави луѓето посреќни од купувања направени за здобивањето со материјални добра, како што е автомобилот. Дури и самото размислување за искуственото купување ги прави луѓето посреќни од размислувањето за материјалното.[6] КритикаКритиката на економскиот материјализам доаѓа од многу извори вклучувајќи ги и религијата, екологијата и социјалниот активизам. Многу религии се противат на материјализмот поради верувањето дека тој се коси со религијата и духовноста или дека тој води кон неморален начин на живот. Еколозите сметаат дека зголемувањето на материјализмот (и со тоа зголемувањето на побарувачката за ресурси) е неодржливо, особено кога е заедно со растот на населението, најчесто доведува до зголемувањето на уништувањето на природата. Некои општествени активисти сметаат дека материјализмот често е извор на проблеми како криминалот, загадувањето, деградацијата на животната средина, војната, економската нееднаквост, сиромаштијата, угнетувањето и геноцидот. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia