Експрес лонец![]() Експрес лонец или парен лонец — кујнски прибор во кој храната се готви под притисок. Главните предности на експрес лонецот се побрзо подготвување на храната, заштеда на енергија и зачувување на хранливите материи, вкусот и аромата на храната. ИсторијаПринципот на работа на експрес лонецот го пронашол францускиот научник Дени Папен во 1679 година. Овој сад се нарекува и Папенов лонец. Првиот што произвел експрес лонци бил Георг Гутброд од Штутгарт, кој правел експрес лонци од леано железо од 1864 година. Еден облик на експрес лонец бил патентиран од Шпанецот Хозе Мартинез во 1919 година.[1] Првиот експрес лонец кој можел да се користи за домашни потреби го направил Германецот Алфред Вишлер во 1938 година, по што започнало масовното производство во Америка и Европа.[2] Експрес лонецот станал широко распространет во домаќинствата за време на Втората светска војна, кога конечно биле препознаени неговите предности.[3] Делови на експрес лонецСе состои од три главни дела: тело на лонецот на кој се наоѓаат две рачки на различни страни, капак и сигурносен вентил на врвот. Телото и капакот, кои заедно образуваат херметичка комора, најчесто се направени од алуминиум или нерѓосувачки челик.[3] Алуминиумот е поевтин, но побрзо оксидира и ја губи бојата, па ваквите лонци имаат пократок животен век. Лонците од не'рѓосувачки челик имаат три слоја, а дното е прекриено со бакар бидејќи не'рѓосувачкиот челик лошо ја спроведува топлината.[4] Вентилот најчесто е направен од гума или силикон и не дозволува пареата да помине низ него. Ако вентилот се скрши, повеќето садови имаат резервен систем за ослободување на пареата. Систем на функционирањеКога водата ќе зоврие, се создава пареа која не може да излезе од лонецот, па притисокот се зголемува. Ова ја зголемува температурата, така што храната се готви побрзо.[5] Кога ќе се постигне одреден максимален притисок и температура, вишокот на пареа се ослободува преку безбедносниот вентил. Овие максимуми обично се за притисок од 70-80 kPa и за температура 121 °C.[3] Ова е и температурата на која водата врие во експрес лонец, создавајќи прегреана пареа која ја зачувува аромата и корисните состојки на храната. Откако ќе се постигне максимален притисок, снабдувањето со енергија што ја зголемува температурата треба да се исклучи бидејќи таа енергија ќе биде неискористена. Откако ќе заврши готвењето, притисокот мора полека да се намалува за да се спречи експлозија. ЗанимливостиВо поранешна Југославија, експрес лонецот бил познат како претис лонец по името на производителот, претпријатието Претис од Вогошќа. Бомби направени од експрес лонли се користени во некои бомбашки напади, од кои најпознат бил нападот на Бостонскиот маратон.[6] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia