Екстремофил![]() Екстремофил (од латински extremus со значење "екстремен" и од грчки philiā (φιλία) со значење "сака") е организам кој живее во и можеби дури и бара физички или геохемиски екстремни услови кои се неподносливи за поголемиот дел од живиот свет на Земјата. Наспроти овие организми, организмите кои живеат во поумерена животна околина се нарекуваат мезофили и нетрофили. Во периодот од 1980 до 2000 година, биoлозите откриле дека микробиолошкиот жив свет има вчудовидувачка флексибилност за преживување во екстремни животни услови, како на пример на невообичаено високи температури, или во неверојатно кисели средини, средини кои се целосно неприфатливи за комплесните живи организми. Некои научници дури заклучиле дека можеби животот започнал на Земјата во хидротермалните испусти далеку под океанската површина.[1] Најпознати екстремофили се микробите. Повеќето екстремофили припаѓаат на археите, но постојат екстремофили и кај бактериите. Се разбира не сите археи се екстремофили, постојат археи кои се мезофили. Не сите екстремофили се едноклеточни организми, протостомите се животни кои можат да живеат во екстремни жовотни услови, како на пример Помпејскиот црв и "Тардиград". Класи на екстремофилиПостојат повеќе различни класи на екстремофили, поделбата соодветствува на средината во која живеат. Оваа класификација не е екслузивна, многу екстремофили можат да припаѓаат на повеќе класи. Пример, организмите кои живеат во жешките карпи длабоко под Земјината површина се истовремено термофили и барофили.
АстробиологијаАстробиологија е научно поле кое се занимава со теориите, како што е теоријата панспермија, за распределбата, природата и својствата на живиот свет во универзумот. Во овие теории, микробилошките екологисти, астрономите, планетраните научници, геохемичарите, филозофите и истражувачите конструктивно соработуваат со цел проучување на живиот свет на другите планети. Астробиолозите посебно се заинтересирани за проучување на екстремофилите, бидејќи многу од овие организми се спсобни да преживеат во услови слиќни на тие за кои е познато дека владеат на другите планети. Пример, Марс можеби има подрачја, пермафрост длабоко под површината, кои можеби се населени со ендолити. Во подповршинскиот воден океан на Јупитеровата месечина Европа можеби има живот, посебно на местата каде се претпоставува дека има хидротермални испусти на океанското дно. ПримериМикроби живеат во течниот асфалт на езерото Пич. Истражувањата покажале дека екстремофилите опстануваат во асфалтното езеро со популација помеѓу 106 - 107 клетки на еден грам.[3][4] Наводи
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia