Елагабал (божество)Елагабал или Хелиогабал е сириско-римски бог на сонцето. Култот кон него![]() Елагабал најпрво бил почитуван во Емеса во Сирија. Името му е латинизирана форма на сириското „Ilāh hag-Gabal“, што доаѓа од Ел или Илах („бог“) и „габал“ („планина“), (на арапски: جبل jabal), со што се добива „Богот на планината“.[1] Култот кон ова божество се раширил и во другите делови од Римското Царство, во текот на вториот век. На пример, пронајдена е посвета кон овој бог во далечни предели, во денешна Холандија.[2] Во РимВо Рим статуа на овој бог е донесена од римскиот цар Марко Аврелиј Антонино, кој пред тоа бил висок свештеник во Емеса и често бил нарекуван Елагабал, според божеството.[3] Сирискиот бог се претопил со римскиот бог на сонцето, познат како Сол Инвиктус („Непоразеното Сонце“).[4] Изграден е храм наречен Елагабалиум на источната страна од Палатин, каде е сместен светиот камен донесен од храмот во Емеса, што е всушност црн метеорит.[5] Херодијан запишал за тој камен:
![]() Херодијан исто така кажал дека Елагабал ги терал сенаторите да го гледаат додека танцува околу олтарот на своето божество, на звуци од тапани и цимбали,[5] и на секој летен сонцестој се одржувал голем фестивал, популарен меѓу народот поради тоа што се давала бесплатна храна,[7] и за време на тој фестивал, тој го поставувал светиот камен на триумфална кочија, украсен со злато и накит, и со која парадирал низ градот:
Описот на Херодијан сугерира дека култот кон Емесене бил инспириран од вавилонскиот Акиту фестивал.[8] Императорот исто така се обидел да направи спој на римската и сириската религија каде главен бил неговиот бог, кого тој го поставил дури и над Јупитер,[9] на кого како сопруга му ја одредил било Астарте, Минерва или Уранија, или некоја комбинација на трите.[7] Најсветите реликти од римската религија биле пренесени од нивните светилишта во Елагабалиум, вклучувајќи го и „амблемот на Големата Мајка, огнот на Весталките, Паладиумот, штитовите на Салиите, и сè што Римјаните го сметале за свето.“ Тој исто така повеќепати изјавувал дека Евреите, Самарјаниte и Христијаните мора да ги преместат сите свои обреди во неговиот храм, со што во храмот да се наоѓаат „сите мистерии на секој вид на обожавање“.[10] Откако императорот е убиен во 222 година, неговите религиски укази биле укинати, а Елагабал е вратен во Емеса.[11] Литература
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia