Елатив (падеж)За други значења на поимот, погл. Елатив.
Во граматиката, елатив (скратено ELA; од латински: efferre, „да се донесе или спроведе“) ― локативен падеж што означува дека нешто доаѓа од нешто, некаде или некого.[1] УпотребаУралски јазициНа фински, елативот обично се образуца со додавање „sta/stä“, на естонски со додавање „-st“ на генитивната основа, „-õst“ на ливонски и „-sto“ во ерзјански. На унгарски, наставката „-ból/-ből“ го изразува елативот:[1] фински: talosta - „надвор од куќата, од куќата“ (talo = куќа) taloista - „надвор од куќите, од куќите“ (talot = куќи) естонски: majast - „надвор од куќата, од куќата“ (maja = куќа) Erzya: kudosto - „надвор од куќата, од куќата“ (kudo = куќа) унгарски: házból - „надвор од куќата“ (ház = куќа) Во некои дијалекти на финскиот, вообичаено е да се испушти последната самогласка на елативен завршеток, кој потоа станува идентичен со елативната морфема на естонскиот; на пример: talost. Овој изговор е вообичаен во јужна Финска, се појавува во југозападните дијалекти и во некои тавастиски дијалекти. Повеќето други дијалекти го користат стандардниот облик -sta. РускиВо некои ретки случаи елативот сè уште постои во современиот руски јазик, иако пошироко бил користен во 17-18 век. текстови: и́з лесу (надвор од шумата), кровь и́з носу (крв од носот), из Яросла́влю (од Јарослав).[2] ПоврзаноДруги локативни падежи се: Наводи
Дополнителна книжевност
|
Portal di Ensiklopedia Dunia