Елена ГуроЕлена Генриховна Гуро (10 јануари 1877 година – 6 мај 1913 година)[1] била руска сликарка, драматург, поетеса и писателка. Нејзината кариера го опфатила преодниот период помеѓу рускиот симболизам и футуризмот.[2] Гуро е позната по тоа што развила нови теории за бојата во сликарството.[3] Таа била и единствената жена-член на највлијателната футуристичка група наречена Кубо-футуризам.[4] ДетствоГуро била родена во Санкт Петербург на 10 јануари 1877 година.[3] Нејзин татко бил Генрих Степанович Гуро, офицер во Царската руска армија, со француско потекло. Нејзината мајка Ана Михајловна Чистјакова била талентирана уметничка-аматер. Гуро го поминала своето детство во селото Новосели кај Псков и на имотот на нејзиниот татко во Луга. Наследила владина пензија и имот во Финска од нејзиниот татко, користејќи ги како поддршка на нејзината уметничка кариера. Нејзината сестра, Екатерина Гуро, исто така, била писателка.[5] Кариера![]() Од 1890 до 1893 година студирала уметност во Друштвото за поттикнување на уметностите во Санкт Петербург. Од 1903 до 1905 година, студирала во приватното студио на Јан Циглански каде што го запознала нејзиниот иден сопруг Михаил Матјушин. Тие се венчале во 1906 година.[1] 1905 е година на објавувањето на нејзиното книжевно деби Рана пролет.[2] Ова бил нејзиниот прв расказ, објавен во антологијата на современите руски писатели наречена Зборник на млади писатели. Една година претходно, го илустрирала рускиот превод на книгата со бајки од француската писателка Жорж Санд.[6] Во 1906 година, таа и Матјушин се префрлиле во уметничкото училиште на Елизавета Званцева, каде што Гуро работела кај Мстислав Добужински, Леон Бакст и Кузма Петров-Водкин.[1] Во 1908 година го напуштила училиштето и основала свое студио. До 1908 година, нејзиниот дом бил седиште за средби на коишто се дискутирало за уметност и литература.[5] ![]() Нејзината прва книга во проза, поезија и драма Херди-Гурди била објавена во 1909 година.[1] Во 1910 пишувала за списанието Замка за Судии, еднa од првите публикации на руските футуристи.[7] Со истото списание остварила соработка и во 1913 година. Гуро и нејзиниот сопруг ги субвенционирале и двете изданија. Во 1911 година, нејзините бајки во ракопис што планирала да ги објави, биле изгубени од нејзиниот издавач, заедно со илустрациите што ги подготвила за истите. Втората книга на Гуро, Есенски сон, била објавена во 1912 година.[1][5] Гуро била добро позната по нејзината фасцинираност од контрастот помеѓу урбаниот свет и природата, опишана во расказ за психологијата на луѓето населени во градовите.[6][8] Нејзината воодушевеност веројатно е резултат на изгледот на градот, на пример, неговите улични светла и позлатените прозорци. Се рекло дека Гуро била „најурбанизираната“ меѓу руските поети од почетокот на дваесеттиот век, поради „цементноста“ на нејзините претстави на рускиот градски пејзаж.[9] Постепено, се изморила од темата околу 1910 година, нешто што токму тогаш станувало популарно кај нејзините колеги кубо-футуристи. Изразила желба да остане на село од пролет до есен.[8] Во нејзините слики, Гуро ги истражувала правилата на бојата. Овој интерес, којшто започнал во 1911 година, станал дефинирачка одлика на нејзините дела.[3] Таа развила теории за бојата базирано врз основниот принцип за создавање форма на Југендстил и скандинавската народна уметност.[3] По нејзината смрт, Матјушин ги применувал тие теории. Последни деновиВо 1913 година продолжила да пишува и слика, иако боледувала од леукемија. Починала истата година во нејзината селска куќа во тогашниот Уусикирко, Финска. Во времето на нејзината смрт, големото дело Сиромашниот витез[2] речиси било завршено. Неколку песни и две прозни дела биле објавени постхумно, во збирката Тројцата и во списанието Сојуз на младите, во 1913 година. Нејзината трета книга Малите камили на небото била објавена во 1914 година.[1][5] Особености на делотоДелото на Гуро се одликува со синкретизам на сликарството, поезијата и прозата, импресионистичката перцепција на животот, поетиката на лаконскиот лирски фрагмент. Омилените теми вклучуваат мајчинство што се шири низ целиот свет и пантеистичко чувство за природата. Интересот за Гуро бил поттикнат од делото на Владимир Марков „Руски футуризам“ (1968). Во 1988 година, нејзината збирка била објавена во Стокхолм, а во 1995 година се објавени необјавените дела од нејзините архиви во Беркли, Калифорнија. Голем број студии во Русија и во странство се посветени на креативната работа на Гуро. Архивата на архивата Гуро се чува во Рускиот државен архив за литература и уметност (фонд 134).[10] ![]() Списи![]()
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia