Елена Деле Дон![]() Елена Деле Дон (англиски: Elena Delle Donne; Вилмингтон, 5 септември 1989 година ) е американска кошаркарка која игра кошарка во рамките на Женската национална кошаркарска асоцијација за клубот Вашингтон мистикс. МладостЕлена е родена на 5 септември 1989 г. во Вилмингтон. Како дете покажала талент за кошарка и се борела против брзиот раст пред тинејџерските денови.[1][2] Таа има постара сестра, Лиза, која е родена слепа и глува, а има и церебрална парализа и аутизам .[1] Кошарка во средно училиштеНационалното признание како средношколска кошаркарска ѕвезда го стекнала на Академијата Урсулин, која ја посетувала во Вилмингтон. Таа го водела својот тим на државното првенство.[3] Таа била првата и единствена кошаркарка на Академијата Урсулин која постигнала повеќе од 2.000 поени во кариерата толку брзо и исто така го соборила националниот рекорд во шут за три поени во сезоната 2015/2016 .[4] Таа била поканета од сеамериканската организација ВБЦА во 2007 година. На средношколскиот турнир ВБЦА постигнала 17.поени и го освоила МВП признанието.[5][6] Покрај кошарка, таа играла и одбојка во средно училиште. Таа го освои Државното првенство во одбојка во 2007 година со својот тим. Кариера на факултетПо одличната кошаркарска кариера во средно училиште, таа добила стипендија за студирање на Универзитетот во Конектикат. Во почетокот на јуни 2008 година таа ја напуштила летната школа на Универзитетот во Сторс, по само два дена посетување, бидејќи не била подготвена да се раздели од семејството.[7] Елена е прилично блиска со своето семејство, особено со нејзината постара сестра Лиза, која има церебрална парализа и е родена слепа и глува. Поради семејни врски, таа направила слична пауза во средно училиште во 2007 година.[8] Таа одлучила на 2 јуни 2009 година да игра кошарка за тимот на Blue Hens .[9] ВНБА кариераПо средношколската кариера, Елена играла за Чикаго Скај во сезоната 2012 година. На нејзиниот прв натпревар, таа постигнала 22 поени против тимот на Биртини Гринер и исто толку во вториот натпревар против Феникс Меркјури .[10] Во сезоната 2014 таа одиграла само 16 натпревари. За време на плејофот, таа му помогна на својот тим да ја победи Аталанта Дрим во првото коло, постигнувајќи 34 поени. Таа го водела својот тим до финалето на ВНБА каде што загубија од Феникс Меркјури .[11][12] Во 2017 година таа го напуштила Чикаго Скај, и играла за Вашингтон Мистик . На 14 мај 2017 година таа го одиграла својот прв натпревар за Вашингтон Мистик во кој постигна 26 поени и го предводела својот тим до победа против Сан Антонио Старс .[13] На 19 мај 2017 година таа постигнала 27 поени, најмногу во сезоната кога нејзиниот тим загуби од Лос Анџелес Спаркс .[14] Кариера надвор од САДКако и повеќето кошаркарки на ВНБА, Елена играла надвор од државата за време на паузата од ВНБА првенството. Паузите прво ги искористила за да се грижи за својата болна сестра Лиза, а во 2017 година таа потпишала договор со кинескиот тим Шанкси со кој играла сè додека не заболи од Лајмска болест поради што била принудена да се врати во САД .[15][16] Приватен животЕлена е родена на 5 септември 1989 година во Вилмингтон . Нејзиниот татко Ерни има своја градежна компанија, а нејзината мајка Џони е домаќинка. Нејзиниот постар брат Џин играл фудбал на колеџ. По дипломирањето во 2009 година, Елена се вратила во Вилмингтон да работи во друштво на нејзиниот татко.[17] Во 2008 година на Елена и е дијагностицирана Лајмска болест .[18] Статистика![]() Колеџ
ВНБА сезона
Плејоф на ВНБА
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia