Елена ЛацковаЕлена Лацкова (родена како Елена Докторова, позната и како Илона Лацкова[1] 22 март 1921 – 1 јануари 2003) била словачка ромска писателка и драматург, автор на литература за деца и млади Роми. Живот и делоЕлена Лацкова е родена во Велики Шариш, прво од петте деца на ромскиот виолинист Микулаш Доктор и мајка Полјачка.[2] За литературата се заинтересирала уште од раното детство и почнала да пишува на 14-годишна возраст.[3] Нејзината поема Лондон – Париз – Велики Шариш била емитувана на радио. По завршувањето на основното училиште, Елена Лацкова го продолжила своето образование во блискиот град Прешов од 1932 до 1935 година.[4] Во 1939 година ја напишала својата прва драма „Пресадениот цвет“, која што не смеела да се изведе. Се омажила за Јозеф Лацко. Заедно имале шест деца. Од нив, две загинале за време на Втората светска војна. Нејзините воени искуства се меѓу централните теми на нејзините дела. Во 1948 година ја напишала драмата Horiaci cigánsky tábor (Запален цигански логор), што ја вежбала со луѓето од населбата каде што што живеела во тоа време. Откако тогашниот печат го објавил тоа, глумците и глумиците биле поканети од Министерството за социјални работи во Прага да ја изведат претставата во пограничните области на Чешка, каде што многу Роми биле преселени од Словачка. Во 1951 година, Елена Лацкова почнала да работи во Регионалниот народен комитет, каде што се грижела за Ромите. Во 1960 година се вработила во Окружниот педагошки дом во Кошице. Во 1964 година, додека работела на Факултетот за образование и новинарство на Карлов универзитет во Прага, дипломирала како прв професионално образован Ром во Словачка во 1970 година на 49-годишна возраст и станала ко-основач на Културното здружение на Роми во Прешов.[5][6] По дипломирањето, две години работела како учителка и социјален работник во Усти над Лабем, потоа како социјален куратор во источна Словачка. Од 1976 до 1980 година, работи во Лемешани како библиотекарка и радио драматург. По 1989 година, Лацкова станала претседател на Културното здружение на Роми и била уредник на списанието Romano ľil. Во 1993 година станала членка на Словачкиот сојуз на писатели. За нејзиниот придонес во развојот на културно-социјалниот живот на Ромите во Словачка, по повод 9-годишнината од Уставот на Словачка Република во 2001 година, претседателот на Републиката Рудолф Шустер ѝ доделил Орден Ľudovít-Štúr од III степен. По повод нејзиниот 80-ти роденден, Лацкова била наградена со Меморијален медал Чатам Софер за заслуги во документирањето на последиците од холокаустот на Ромите. СмртЕлена Лацкова починала на новогодишната ноќ 2003 година, на 82-годишна возраст во пензионерски дом во Кошице, каде што ги поминала последните години од својот живот.[7] На нејзиното последно патување, во сабота, на 4 јануари 2003 година, била придружувана од повеќе од 200 луѓе, а меѓу букетите на жалост се наоѓал и оној на словачкиот претседател Рудолф Шустер. Почести
Дела
Новели
Поврзано
Веб-врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia