„Елизабета: Златното доба“ (англиски: Elizabeth: The Golden Age) е драма – историски филм од 2007 година, во режија на Шекар Капур (Shekhar Kapur), снимен по сценариото на Вилијам Николсон (William Nicholson) и Мајкл Хрст (Michael Hirst). Филмот, кој е продолжение на Елизабета од 1998 година, премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 9 септември 2007 година. Главната улога ја игра Кејт Бланчет која била номинирана за наградата „Оскар“, а филмот освоил „Оскар“ за најдобра костимографија.[1]
Приказна
1585 година, Кралицата Елизабета (ја игра Бланчет) веќе три децении владее со Англија, но и понатаму е соочена со претензиите на престолнината и семејните измами. По смртта на својата жена, англиската кралица Марија Тјудор, шпанскиот крал Филип II (го игра Мола) безуспешно се обидува да ја убеди кралицата Елизабета да се омажи за него. По нејзиното одбивање, тој гради голема флота и со благослов на папата, решава да ја нападне Англија. Додека над нејзината земја се надвиснува воената опасност, кралицата Елизабета се заљубува во Волтер Рејли (го игра Овен)...
Улоги
Наводи