Елизабет Олсен
Елизабет Чејс Олсен (родена на 16 февруари 1989 г.)[1] — американска глумица. Таа е позната по улогите во филмовите: Одмаздници: Ерата на Ултрон (2015), Годзила (2014), Тивка куќа (2011), Слободни уметности (2012), и Марта Марси Меј Марлин (2011), за кој добила номинации за голем број на награди. Таа е помлада сестра на глумиците и модни дизајнерки Мери-Кејт и Ешли Олсен. Ран живот и образованиеОлсен е родена и израсната во Лос Анџелес, Калифорнија, како ќерка на Џарнет, поранешна балерина, и Дејвид Олсен, инвеститор во недвижен имот и хипотекарен банкар.[2] Таа е помлада сестра на близначките Мери Кејт и Ешли Олсен, кои станале познати како телевизиски и филмски ѕвезди во раните години. Таа има постар брат, Трент Олсен, како и помлад полубрат и помлада полусестра. Во 1996 година, родителите на Олсен се развеле.[3] Нејзиниот татко има норвешко потекло, додека пак нејзината мајка има англиско потекло.[4][5] Во детството, Олсен посетувала часови по балет и пеење.[6] Таа започнала да глуми на многу млада возраст и имала кратки појавувања во филмовите на нејзините сестри. Таа се школувала во училиштето Кемпбел Хол во Северен Холивуд, Калифорнија. По матурирањето, таа се запишала на Факултетот за уметности при Њујоршкиот универзитет. Во 2009 година, Олсен поминала еден семестар студирајќи во Москва, Русија во школата при Московскиот уметнички театар.[7] Филмографија![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia