Елија Евдокија
Атинијада или позната како Елија Лицинија Евдокија (401-460), била византиска царица, сопруга на царот Теодосиј II. Атинијада е родена во Атина или Антиохија,[1][2] со грчко потекло[3][4][5][6][7], како ќерка на софистот Леонтиј[8] од кого добила добри познавања во областа на литературата и реториката[9]. Нејзиниот татко имал голема куќа во Акропол, со голем двор, место каде малата Атинијада ги поминувала детските денови[10]. Таа била крстена според градскиот протектор Палас-Атена[10]. Кога таа имала 12 години, нејзината мајка починала и таа ги презела домашните обврски. Кога починал нејзиниот татко во 420 година, таа била уништена од болка. Според негова волја, тој им го оставил целиот имот на своите синови, додека на неговата ќерка само 100 монети, велејќи дека тие биле доволни за неа бидејќи нејзината судбина ќе биде најголема за една жена[9]. Традиционалната приказна раскажана од Јован Малаја и други средновековни автори, е дека алчните браќа на Атинијада ја лишиле од скромниот дел од татковото наследство[11], поради што таа се обратила за одмазда кон царскиот двор во Цариград. Брилијантното нејзино докажување во дворот го привлекла вниманието на Теодосиј и сестра му Пулхерија која ја направила Атинијада своја дворска дама, подготвувајќи ја за жена на царот. Таа го прифатила христијанството и го променила своето име во Елија Лицинија Евдокија, по што на 7 јули 421 година се омажила за Теодосиј II. Две години подоцна Елија Евдокија ја добила и титулата августа. Новата царицата на своите браќа ги направила државници, при што едниот, Валериј го направила конзул во 432 година а подоцна и стратег, додека другиот Гесиј го направил епарх на Илирик. Други современи автори на Елија Евдокија, како Сократ Схоластик и Јован Панонски, ги пренесуваат настаните со повеќе детали, но ја пропуштаат заслугата на Пулхерија за бракот на Евдокија и Теодосиј. Тие сепак го нагласуваат влијанието што Евдокија го имала во царскиот двор, како и на нејзиното застапништво за неевреите и Евреите. Евдокија и Теодосиј II имале три деца:
Во 438-439 Елија Евдокија заминала на поклонение во Ерусалим, од каде донела бројни вредни реликвии. За време на престојот во Антиохија таа донирала средства за обнова на зградата на локалниот сенат. Враќајќи се во Цариград, Елија се окажала изолирана поради зависноста на Пулхерија и некои нејзини неосновани сомневања во љубовна врска и заговор нејзиниот штитеник, Павлиниј, командант на царската стража. По последното погубување на Павлиниј во 440 година, Елија Евдокија се вратила во Ерусалим, каде била обвинета за убиство на еден офицер, испратен да убие двајца од нејзините придружници. Поради овој чин Елија изгубила некои од своите привилегии. Сепак, таа продолжила да има големо влијание. Елија Евдокија била чувствителна кон востанието на сириските монофизити од 453 година, кои се одвоиле од Православната Црква. Сепак подоцна таа ги проближила односите со Пулхерија и повторно била прифатена во пазувите на Православната црква. Елија Евдокија починала на 20 октомври 460 година во Ерусалим и била погребана во црквата "Св. Стефан", која била изградена со нејзини средства. Непосредно пред нејзината смрт, Евдокија се пожалила на еден духовник дека е невина по обвиненијата во прељуба со Павлиниј и дека е жртва на клевети. Во последните години од својот живот Елија Евдокија се занимавала напорно со литература. Напишала стихови за победата на Римјаните над Персијците, како и литература со верска содржина. Поради придонеси кон Православната Црква, Елија Евдокија е почитувана како светица, чиј празник се слави на 13 август. Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia