Емилио Палма
Емилио Маркос Палма Морела (шпански: Emilio Marcos Palma; роден на 7 јануари 1978 година) е аргентински државјанин, првиот човек кој се родил на Антарктикот. БиографијаПалма е роден во Фортин Сарџенто Кабрал во базата Есперанца, во близина на врвот од Антарктичкиот Полуостров, и при раѓањето тежел 3,4 кг. Неговиот татко, капетанот Хорхе Емилио Палма, бил шеф на аргентинската армија во базата.[1] Иако оттогаш на Антарктикот се родени десет луѓе, местото на кое се родил Палма и натаму е најјужното место. Кон крајот на 1977 година, во седмиот месец од бременоста, Марија Силвија де Палма, мајката на Емилио, била однесена во станицата Есперанца за да се породи.[2] Со неговото раѓање Аргентина сметала дека ќе стекне предност во спорот за суверенитет над територијата на Антарктикот. Емилио автоматски добил аргентинско државјанство од владата бидејќи неговите родители биле аргентински државјани, а тој е роден во Аргентинскиот Антарктик. За овој дел од Антарктикот Аргентина тврди дека е дел од нејзината територија, иако суверенитетот не е меѓународно признат и се поклопува со британските и чилеанските претензии . Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди како првиот човек во историјата за кој се знае дека е роден на Антарктикот.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia