Емилија Кларк
Емилија Кларк (родена на 26 октомври 1986) — англиска глумица. Таа е најпозната по улогата како Денерис Таргариен во серијата Игра на тронови, за која добила две номинации за Еми награда за најдобра глумица во споредна улога во драмска серија во 2013 и 2015 година. Кларк своето деби на Бродвеј го остварила во март 2013, толкувајќи ја главната улога Холи Голајтли во претставата Појадок кај Тифани. Во 2015 година, таа играла во филмот Терминатор: Генесис. Ран животЕмилија Кларк е родена во Лондон, а израснала во Беркшир.[1][2][3] Неговиот татко работи во театар како инженер за звук.[4] Таа има постар брат. Кларк се заинтересирала за глумата на 3-годишна возраст откако го видела мјузиклот Show Boat, на кој работел нејзиниот татко во тоа време.[1] Таа дипломирала глума во Лондонскиот драмски центар во 2009 година.[5] КариераСвојата прва телевизиска улога, Кларк ја добила во британската телевизиска серија Доктори. Списанието Screen International ја именувало неа како една од „Британските ѕвезди на утрешнината“.[6] Во 2010 година на Кларк и била доделена улогата Денерис Таргариен во телевизиската средновековна серија на HBO, Игра на тронови, заснована на серијалот книги Песна за мраз и оган од Џорџ Р. Р. Мартин. Таа ја добила улогата откако нејзината британска колешка Тамзин Мерчант била заменета поради неоткриени причини.[7] Серијата започнала да се прикажува во април 2011 година, добивајќи позитивни критики и набргу била продолжена за втора сезона.[8] Таа глумела во сите пет сезони, и ќе глуми во престојната шеста сезона. Во 2011 година, таа ја добила EWwy наградата за најдобра глумица во споредна улога во драмска серија за улогата на Денерис.[9] Во 2013 и 2015 година, Кларк била номинирана за Еми награда во истата категорија.[10][11] Таа била изгласана за најпосакувана жена во светот од читателите на Askmen во 2014 година.[12] Од март до април 2013 година, Кларк ја играла Холи Голајтли во Бродвејската продукција на романот Појадок кај Тифани.[13] Истата година таа глумела во криминалната драма Дом Хемингвеј заедно со Џад Ло. Во мај 2014 година, било објавено дека таа ќе биде дел од глумечката екипа на филмот Градина на последни денови заедно со Џејмс Франко,[14] но филмот бил откажан две недели пред да започне неговата продукција. На Кларк и била понудена улогата Анастасија Стил во филмот Педесет нијанси сиво, но таа ја одбила поради бараната голотија.[15] Во 2015 година, таа ја играла Сара Конор во филмот Терминатор: Генесис, покрај Арнолд Шварценегер, Џаи Кортни, и Џејсон Кларк.[16] ФилмографијаФилм
Телевизија
Видео игри
Театар
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia