Емина Јаховиќ
![]() Емина Јаховиќ Сандал (15 јануари 1982 - Нови Пазар, Србија, поранешна Југославија) е српска пејачка, глумица и манекенка. Јаховиќ е сопруга на познатиот турски пејач Мустафа Сандал. Нејзиниот брат, Мирсад Туркан е успешен кошаркар, кој е првиот играч на НБА како граѓанин на Турција. Емина има едно дете по име Јаман. Емина моментално ја игра главната улога во турскиот ТВ-серија: „Лале поле“. ЖивотописЕмина Јаховиќ е родена во Нови Пазар на 15 јануари 1982 година. Нејзината витка линија и голема сличност со глумицата Пенелопе Круз и го донесе прекарот – српската Пенелопе. Таа е популарна пејачка во Србија, Босна и другите земји на поранешна Југославија но и во Турција, каде се омажи со популарниот Мустафа Сандал. Досега Емина има изработено четири албуми од кои произлегоа многу хитови. Нејзината популарност и убавина и ја донесе главната улога во хит серијата Лале која се емитуваше на програмата на Канал 5. Популарната пејачка од соседството Емина Јаховиќ, која веќе долги години живее во Турција каде е омажена за еден од тамошните најголеми пејачи ѕвезди Мустафа Сандал, периодов не излегува од студио. Така е затоа што Емина работи на нова песна, која според оние што ја слушнале ќе го надмине хитот „Да можам“. И тоа не е се кога е новата песна во прашање, пејачката решила името на новата композиција да го дадат нејзините обожаватели од социјалните мрежи. Предлози стигнале еден куп, но на крајот било решено песната да се вика „Во сенката исти“. Инаку, текстот и музиката ги потпишува токму пејачката, која од пред неколку месеци стана мајка по вторпат. Со Мустафа, Јаховиќ има два сина,Јаман и Јавуз Сандал. Таа се породила во американската болница во Истанбул, каде живее по венчавањето со трската музчка ѕвезда Мустафа Сандал. Босанските медиуми пренесуваат дека балканската Пенелопе Круз, се породила со царски рез и додека траело породувањето сопругот постојано бил со неа и дека среќните родители сè уште не знаат како ќе им се вика синчето. Менаџерот на Емина, Нинослав Продановиќ, за весникот "Блиц" изјавиле дека во болницата во Истанбул владала општа еуфорија, зашто колку што е Емина Популарна на Балканот, уште попопуларен е нејзиниот сопруг Мустафа во Турција. Двете пејачки ѕвезди се запознале случајно 2004 година на една плажа во Бодрум, Турција. Кога тој и пришол на Емина да се запознаат таа не ни била свесна дека пред неа стои најголемата труска пејачка ѕвезда. Првиот бакнеж им се случил во авион и на почетокот врската ја криеја дури и од најблиските членови на семејството. По неколку години забавување раскинаа за да по извесно време повторно се смират и во јануари годинава се венчаат во истанбулскиот хител "Лес Отоманс". Веднаш по свадбата се рассчу дека Емина е бремена и дека на лето ќе роди дин. во 2013 година на иста модна ревија во Турција се појавија светскиот топ модел Андриана Лима и познатата српска пејачка Емина Јаховиќ. По најавувањето на Емина Јаховиќ дека ќе се појави на иста модна писта со топ моделот Андирана Лима, тоа и се реализира. Имено, тие се појавија на ревијата на познатиот бренд Dosso Dossi , која што се одржа во Анталија, Турција, каде што Емина изведе неколку свои песни, а Андриана ги носеше моделите од истоимениот бренд. Српската пејачка била воодушевена од познатиот бразилски модел, а своите импресии ги сподели на социјалната мрежа Twitter : ДискографијаДискографијата на Емина Јаховиќ, српска поп пејачка се состои од 4 студиски албуми, 1 најголемите хитови албум, дваесет и девет промотивни и не-промотивни синглови, тринаесет компилациски албуми и бројни музички видеа. Студиски албуми
Најголемите хитови албуми
Синглови
Компилациони албуми
Филмографија
Видеографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia