Ендосимбиотска теоријаЕндосимбиотската теорија го објаснува потеклото на митохондриите и хлоропластите како органели на еукариотската клетка. Според оваа теорија, овие органели претставувале засебни прокариотски организми кои биле инкорпорирани во рамките примарните еукариоти, најпрво како лабилни внатреклеточни машинерии кои продуцирале храна или енергија, за подоцна да преминат во интегрален дел од скоро секоја еукариотска клетка. Митохондриите потекнуваат од протеобактерии, аеробни хетеротрофни прокариоти, додека пак хлоропластите потекнуваат од цијанобактериите уште наречени и модро-зелени алги кои претставуваат аеробни фотоавтотрофни прокариоти. ИсторијаЕндосимбиотската теорија е првпат преодложена од страна на Андреас Шимпер во 1883 кој забележал сличности помеѓу цијанобактериите и хлоропластите на вишите растенија. Подоцна, на почетокот на XX век, Константин Мерешковски (1905) сугерира дека пластидите, односно хлоропластите, имаат ендосимбиотско потекло, за во 1920 година Иван Валин да го заклучи истото и за митохондриите. Овие теории се набрзо напуштени поради наводното отсуство на ДНК во овие органели, но од 1960-тите, по докажувањето дека постои хлоропластна и митохондриска ДНК, теориите се повторно актуелизирани. Лин Марџулис (1981) со својата книга Симбиоза во клеточната еволуција е една од позначајните застапници на идејата дека при своето формирање, еукариотксите клетки претставувале заедници од повеќе ентитети кои се во интеракција. Базирајќи се на оваа теорија, Марџулис претпоставува и дека камшичињата (како кај еуглената) и трепките (трепки) (како кај парамециумот) се настанати од прокариотските спирохети (Spirochaeta), теорија за која нема поддршка пред сѐ поради разликите во структурата на еукариотските камкамшичиња и спирохетите. Слично, теоријата за ендосимбиотско потекло на пероксизомите, мембранозни органели во еукариотската клетка, е исто така отфрлена. Во моментот се претпоставува дека оние органели кои не поседуваат сопствена ДНК се настанати де ново и немаат прокариотско потекло. ДоказиДокази кои го поддржуваат настанувањето на митохондриите и пластидите како дамнешни бактериски ендосимбионти:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia