Еспириту Санто
ГеографијаОстровот е дел од независната држава Вануату, или според старото име, Острови Нови Хебриди. Административно е дел од покраината Санма. Административен центар на островот е Луганвил, кој воедно е и втор најголем град во државата. Луганвил се наоѓа на југоисточниот брег на островот. Покај источниот брег има развиена патна мрежа, која недостасува на остатокот од островот. Островот е доста планински. Северниот дел има залив, Биг Беј, кој е опколен со двата крака на островот. На островот Санто се наоѓа највисоката точка на Вануату, односно врвот Табвемасана со 1879 метри надморска висина. Планината се наоѓа во централниот дел на островот. Јужно од Санто се наоѓаат островите Тутуба, Аоре, Мало, источно се наоѓа островот Амбае, а северно се островите Бенкс, поточно островот Гауа. Околу самиот остров Санто се наоѓаат следните мали островчиња и карпи (од север прека исток па кон југ):
ИнфраструктураЛуганвил е единственото населено место на островот кое може да се смета за град. Сите други останати населени места на островот се всушност села. Патна мрежа има само покрај источниот брег на Санто, сите три патишта излегуваат од Луганвил. Остатокот на островот е планински и нема развиена патна мрежа. Аеродромот Санто-Пекоа се наоѓа на 5 км источно од Луганвил. На островот има бројни мали реки, од кои најголема е Сараката. СтопанствоГолем број од луѓето на Санто живеат од земјоделство, поточно градинарство. Голем дел од селата се самоиздржливи во однос на храна. Најчесто се одгледува таро и јам. Покрај тоа, постои и одгледување на говеда. Огромен дел од говедското месо се извезува во Јапонија, Австралија и околните тихоокеански земји. Дополнително, на островот се произведува и извезува ориз и конзервирана риба. Постојаѕт и други овошја и зеленчуци кои за месното население се секојдневни, а за туристите се несекојдневни. Такви се на пример манго, ананас, островска зелка, кокосова краба и сличо. На островот има еден голем пазар за продажба на земјоделски и градинарски производи, но постојат и бројни помали пазари. Животински светСанто е дом на скоро сите ендемски птици на Вануату. На островот има два заштитени резервата, кои се основани за зачувување на дивиот свет на Санто. Резерватот Лору се наоѓа на источниот брег на островот, а резерватот Вате се наоѓа во близина на Биг Беј. Лору е основан во 1993 година и има 220 хектари.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia