Ефрем Кулаков
Ефрем Ристо Кулаков познат ѝ како Фемо Кулаков (10 мај 1925 во Неготино — 18 септември 1944 во Кавадарци) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописТаткото на Ефрем-Фемо, Ристо бил шивач во Неготино. По завршувањето на основното училиште во Неготино, Ефрем бил запишан во кавадаречката гимназија. Таму Фемо создава другари меѓу средношколците и учествува со нив во сите младински акции против окупаторот. Во исто време во Неготино бил опфатен од МК на КПЈ, а во првата половина од 1942 година бил примен за член на СКОЈ во гимназијата во Кавадарци. Како скоевец целосно се предал на младинското движење и набргу станал секретар на скоевската група во гимназијата.[1] Се истакнал во ширењето на вистината за окупаторите и со својата скромност и пристапност се здобил со симпатии кај младината. На 29 јули 1944 година со група од 43 активисти и симпатизери од Неготино заминува на Кожуф, каде што е распределен во Втората македонска ударна бригада. Неговата активност во Неготино и Кавадарци му е позната на штабот на Втората, а подоцна и на штабот на Десеттата бригада, така што е поставен за заменик политички комесар и партиски раководител на чета.[1] Во борбите што ги води Х-та бригада, се истакнал како храбар и примерен борец и раководител. Во септември 1944 година од составот на 23-от ловечки полк Германците формирале борбена група за напад на Кавадарци. Напредувањето на оваа група на 17 септември во реонот меѓу Марена и Кавадарци го запираат храбрите борци на Х-та бригада. Утрото на 18 септември 1944 година, германската борбена група извршува силен напад на позициите на бригадата, која откако храбро им се спротивставува е принудена да отстапи кон Моклишко. Во таа борба со надмоќниот непријтел Фемо бил погоден од куршум и после неколку часа подлегнал на повредите.[1] Денес детската градинка во Неготино го носи името “Фемо Кулаков“.[1][2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia