Ешли Вилијамс
Ешли Ерол Вилијамс (роден 23 август 1984 година) — велшки фудбалер, играч од одбраната на Бристол Сити и на велшката репрезентација. Тој во моментов е и капитен на својата репрезентација. Технички одликиКако многу цврст играч во двобоите и добар во играта со глава, Вилијамс главно игра на позицијата централен дефанзивец, но исто така може да игра и како десен бек. Клупска кариераВилијамс растел во младите категории на Вест Бромвич Албион. Во 2001, на возраст од 16 години, тој бил отпуштен од клубот и преминува во Хеднесфорд Таун.[2] И покрај тоа што не бил стартер, Вилијамс успеал да импресионира.[2] Откако собрал 34 натпревари без постигнат гол на 31 декември 2003 заминал во Стокпорт Каунти.[3] Дебитирал за Стокпорт на 16 март 2004, во натпреварот на домашен терен против Хартлепул, а својот прв погодок го постигнал на 13 ноември во победата со 3-2 над Хадерсфилд. Подоцна тој станал капитен на клубот и бил сè уште играч на Стокпорт кога го направил своето деби за репрезентацијата.[2] На 27 март 2008 бил позајмен на Свонзи Сити до крајот на сезоната,[2] и дебитирал во новиот дрес на 8 април во домашниот натпревар против Карлајл Јунајтед кој завршил нерешено без голови. Таа сезона одиграл уште два натпревари. На 22 мај истата година бил целосно откупен од велшкиот клуб за околу 400.000 фунти.[4] Својот прв погодок за лебедите го постигнал на 16 септември против Дарби Каунти. Во сезоната 2010-2011 Вилијамс придонесува за првата историска промоција на велшкиот клуб во Премиер лигата, после триумфот над Рединг во финалето од плејофот. Тој исто така бил избран во тимот на годината во Чемпионшип лигата и го соборил рекордот за најмногу настапи едноподруго за клубот. Во октомври 2012 го продолжил договорот со Свозни за уште три години. На 23 декември 2012 станал главниот лик во грд инцидент: за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед (1-1) во една акција од играта, насилно го удрил со топката во главата Ван Перси, додека тој лежеше на земјата, што доведе до тепачка меѓу играчите. Во јули 2013 Вилијамс станува капитен на Свонзи, по заминувањето од клубот на Гари Монк. На 12 август 2016, Вилијамс се преселил во Евертон во трансфер вреден 12 милиони евра, потпишувајќи тригодишен договор со карамелите.[5] Десет дена подоцна тој го направил своето деби за новиот клуб, влегувајќи како замена во победата со 2-1 против Вест Бромвич Албион на Хоторнс.[6] На 23 август 2019, Вилијамс потпишал краткорочен договор со Бристол Сити во трајност до средината на јануари 2020.[7] Репрезентативна кариераВилијамс стекнал право да настапува за велшката фудбалска репрезентација како резултат на потеклото на неговиот дедо.[2] Дебитирал за репрезентацијата на 26 март 2008 во пријателски натпревар против Луксембург. На 11 август 2010 година повторно против Луксембург го постигнал својот прв репрезентативен гол. Вилијамс бил повикан од страна на селекторот Крис Колман за Европското првенство 2016 во Франција,[8] на кое постигнал еден гол во четвртфиналниот двобој против Белгија, запишувајќи се во стрелците за моментален резултат 1-1 во победата со 3-1 за велшаните. [9] ТитулиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia