Женски портрет (Зографски)
Женски портрет – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 29,5х20,6 см, завршена пред 1894 година. Во сопственост е на Националната галерија на Македонија во Скопје[1] Овој портрет, скоро на почетокот на неговиот сликарски пат, без никаков сомнеж е неговото најдобро портретно остварување.[2] Опис„Женскиот портрет“ ѝ припаѓа на првата фаза од портретното сликарско дело на Ѓорѓи Зографски, односно со ова дело истата започнува. Се смета дека портретираната жена со ретка убавина, всушност е првата љубов на Ѓорѓи Зографски, која ја запознал за време на својот престој во Софија. Граѓанската облека што ја носи младата девојка ѝ послужила на Јелена Мацан да тврди дека портретот бил насликан неколку години подоцна, на почетокот на XX век. Од друга страна, се среќава слична облека што ја носеле младите девојки во последната деценија на XIX веа, па дури и порано.[2] Портретот се одликува о минуциозен цртеж и во однос на машките портрети „делува“ како дело на друг автор. Но тука нема место за сомнеж со оглед дека портретот е датиран и сигниран. Во тој период сликарот го третирал моделот на реалистичен начин и само малку ја допира психологијата.[2] Ликот на младата девојка е претставен допојасно и фронтално на маслинестозелена заднина. Облечена е во темна облека. Околу вратот носи бела тантелеста панделка со златен медалјон, а на ушите златни обетки. Врз уредената коса на патец носи розови цветови. Лицето е освежено со розови интонации. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia