Жистен Жил
Жистен Жил (француски: Justin Jules; р. 20 септември 1986) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално настапува за професионалната континентална екипа Бингоал Пауелс Сосес ВБ.[1] Личен животТој е син на Паскал Жил,[2] професионален велосипедист кој бил активен во 1980-тите – освојувајќи една етапна победа на Тур де Франс во 1984 година[3] – кој починал во сообраќајна несреќа кога Жистен имал само една година. Во 2008 година, Жил бил казнет на три години затвор за убиство без умисла на неговиот очув во 2004 година.[4] Казната му била намалена поради сложените услови и проблемите на неговиот очув со алкохолот.[5][6] КариераЖил настапувал како професионалец од почетокот на сезоната 2011, откако екипата Ла Пом Марсеј на која се приклучил од екипата Вандеја У-По де ла Лоар, успешно станало континентална екипа. Жил ја остварил својата прва професионална победа на Трката околу Хајнан 2011, каде ја освоил првата етапа на трката,[7] и го имал водството на трката една седмица. По замената со екипата Веранда Ридо-Супер У во 2012 година, Жил се приклучил повторно на Ла Пом Марсеј за сезоната 2013. На неговата прва трка по повторното приклучување, Жил го освоил масовниот спринт на воведната трка во сезоната на Европската турнеја 2013, Гран При д’Увертир Ла Марсејез; успеал да се одржи пред возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Самуел Димулен и возачот на Аргос-Шимано, Тома Дамизо, за победа.[5][8] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia