Забранета страст
Забранета страст (шпански: Pasión Prohibida) е теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата е снимана во текот на 2012 година, а започна со емитување на 22 јануари 2013 година. Како главни протагонисти во сеирјата се јавуваат Хенкарлос Канела и Моника Спеар. Теленовелата е римејк на турската серија Aşk-ı Memnu од Еџе Јоренџ и Мелек Генчокглу. СодржинаБјанка е заслепена од омраза кон нејзината мајка Флавиа, која ја обвинува за ненадејната смрт на нејзиниот татко. Бјанка се венчава со Ариел, стар и богат вдовец, на кој му фрлила око и Флавиа, трагајќи по богатство. И покрај љубезноста на Ариел и чувтсвата спрема Бјанка, таа не е среќна со него. Кога ќе ја открие скриената вистина, сфаќа дека неосновано ја започнала одмаздата и се обидува својата среќа да ја најде кај Фернандо. Но, се случува нешто неочекувано, кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, млад и привлечен внук на нејзиниот сопруг Ариел. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта на Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна. Улоги
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia