Забрането јаболко

Забрането јаболко
Жанрдрама
Напишана одМелис Џивелек
Зејнеп Гур
Режирана одНеслихан Јешилјурт
Мурат Озтурк
Еџе Ердек Кочоглу
УлогиШевал Сам
Еда Еџе
Онур Туна
Талат Булут
Севда Ергинџи
Несрин Џавадзаде
Берк Октај
Биран Дамла Јилмаз
Мурат Ајген
Гокхан Алкан
Ердал Озјагчилар
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
македонски (сихронизација)
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди177
Производство
Продуцент(и)Фатих Аксој
МестоположбаИстанбул
Прикажување
Првична мрежаFOX TV (Турција)
Канал 5 (Македонија)
Првично прикажување19 март 2018 - 5 јуни 2023
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com.tr/Yasak-Elma

Забрането јаболко (тур: Yasak Elma) е турска телевизиска серија, која се снимаше од 2018 до 2023 година. Серијата во Македонија се емитуваше на Канал 5 Телевизија.

Содржина

Зејнеп и Јилдиз се две сестри, кои живеат скромен живот во едно истанбулско предградие. Иако се сестри, тие двете се сосема различни. Зејнеп е мила, вредна и совесна, која се води по моралните правила на животот. Кога компанијата во која работи е превземена од друг конзорциум, таа е приморана да започне да работи како асистентка на богатиот бизнисмен Алихан, арогантен и сериозен човек со ледено срце. Нивните први средби и соработки поминуваат во кавги, во кои никој не отстапува од своите ставови, и токму тоа ќе го натера Алихан да се вљуби во Зејнеп. Но, и таа во него.

Од друга страна, сестрата на Зејнеп, Јилдиз сонува за богатство и луксуз. Живот кој би ја спасил од сиромаштијата и секојдневната борба за егзистенција. Напуштена од богатиот дечко кој нема сериозни намери кон неа, Јилдиз нема да дозволи да ја совлада разочарувањето. Еден сосема случаен ден ќе донесе вистинска промена во нејзиниот живот и ќе ги промени судбините на двете сестри. Тој сосема случаен и необичен ден, Јилдиз ја запознава дивата Ендер, фам фатал која е олицетворение на сето она што значи неморалното и опасно турско богато општество. Госпоѓата Ендер гази сѐ пред себе. Таа е жена без влакна на јазикот, која ја диктира најновата мода во Истанбул и ги организира најлуксузните забави на Босфорот. Таа е жената за која многумина ќе кажат дека е "ѓаволот кој носи прада". Опасната дива е мажена за богатиот и почитуван Халит и живеат во богатата вила на Аргунови, но нивниот брак функционира само формално. Таа сака да се разведе од него, а притоа не сака да го загуби социјалниот и финансиски статус кој го ужива во таа средина. Знаејќи дека нејзиниот сопруг Халит од првите два брака се развел без никаков надомест кон бившите жени, овојпат Ендер се плаши дека истото може и неа да ѝ се случи, затоа што Халит е лукав, пресметлив и интелигентен. Но, нејзината интелигенција ја надминува неговата. Затоа, опасната божица на турскиот престиж ѝ дава на Јилдиз еден непристоен предлог - Вработи се како асистентка на маж ми, заведи го и ќе добиеш многу пари. А јас, ќе имам докази за пред суд да можам да се разведам и да му ја земам империјата.

Јилдиз ја прифаќа понудата на Дона Ендер, и така нејзиниот живот се вплеткува со оној на богатите Аргунови. Но нема да се промени само нејзиниот живот, туку и оној на сестра ѝ Зејнеп, која исто така станува дел од интригите и заверите на богатата босфорска фамилија.

Улоги

Глумец Улога
Шевал Сам Ендер Аргун
Талат Булут Халит Аргун
Онур Туна Алихан Ташдемир
Еда Еџе Јилдиз Јилмаз
Севда Ергинџи Зејнеп Јилмаз
Бариш Ајтач Џанер Челеби
Шафак Пекдемир Зехра Аргун
Несрин Џавадзаде Шахика Екинџи
Бариш Килич Каја Екинџи
Гокхан Алкан Керим Инџесу
Тувана Туркај Лејла Челеби
Сарп Џан Короглу Кемал Караџа
Ирем Кахјаоглу Шенгул Доган
Мелиса Догу Асуман Јилмаз
Илбер Ујгар Кабоглу Ерим Аргун
Ајшегул Чинар/ Буче Бусе

Кахраман

Лила Аргун
Догач Јилдиз Јигит Екинџи
Нилгун Турксевер Зерин Ташдемир
Вилдан Ватансевер Ајсел
Тугче Кочак Лале Узун
Зејнеп Бастик Ирем
Синан Ероглу Хакан Куртулуш
Хакан Карахан Надир Килич
Киванч Касабали Синан Сајгин
Кузеј Гезер Халит Џан Аргун
Еџе Иртем Мерич
Гун Акинџи Џем
Ебру Шахин Хира
Берк Октај Чагатај Кујуџу
Ердал Озјагчилар Хасан Али Кујуџу
Гуленај Калкан Фериде Ташкин
Џан Нергис Мерт Кара
Нилпери Шахинкаја Џансу Јилдирим
Емре Динлер Омер
Еџе Диздар Фејза
Бахтијар Мемили Седаи
Биран Дамла Јилмаз Кумру Јилдирим
Мурат Ајген Доган Јилдирим
Нихан Дога Арзу
Џејхун Менгироглу Екин Ондер
Шебнем Донмез Хандан Килич
Ердал Билинген Четин

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya