Завод и музеј — Прилеп
![]() Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Во почетокот активни се три одделенија: Одделение за археологија, Одделение за Историја и Одделение за етнологија. Со тек на време се формираат и сите останати денес активни одделенија. Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност. ОдделенијаМоментално во рамките на Завод и музеј — Прилеп работат следните одделенија[1]:
Активности од областа на музејската дејност
Активности од областа на заштитната дејност
Публикување на стручни трудовиЗавод и Музеј Прилеп располага со своја интерна библиотека со богат фонд на стручна литература, како и фото лабораторија која е мошне важна помошна техничка служба при активностите на вработените во институцијата. Во 1961 година поставена е Постојана изложба со археолошки предмети, која повремено се обновува. Во рамките на Завод и Музеј работат Меморијалниот музеј "11 октомври 1941", Меморијалниот музеј "Кузман Јосифоски-Питу" и Музејот за тутун. Прв директор на Народниот Музеј од неговото основање па сè до 1980 година е д-р Бошко Бабиќ, дипл. историчар на уметност. Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia