Заедничка негација![]() Логичко нили или заедничка негација — оператор во Буловата логика кој дава резултат спротивен од логичкото или. Т.е. (не или), p НИЛИ q е точно само кога и p и q се неточни. Овој оператор се нарекува и Вебова опеарација или Парсова стрелка, именувана по Чарлс Парс кој покажал дека секоја логичка операција може да се изрази по пат на НИЛИ. Така, како и НИ операторот, НИЛИ може да се користи сам, без било кој друг логички оператор, за да сочини логички формален систем (така НИЛИ е функционално потполен). Познат е и како Квајнов бодеж. ДефиницијаНИЛИ операцијата е логичка операција на две логички вредности, особено вредностите на две тврдења кое дава вредност точно ако и само ако двата операнди се неточни. Со други зборови, дава вредност неточно ако и само ако најмалку еден операнд е точен. Таблица на точностТаблицата на вистинитост на p НИЛИ q (се пишува и како p ⊥ q или p ↓ q) е следнава:
Венов дијаграмВенов дијаграм за „Ниту A ниту Б“ Еден начин да се изрази p НИЛИ q е , каде знакот означува ИЛИ,а линијата над изразот означува негова негација. Најпросто . Друг начин на изразување на p НИЛИ q е . СвојстваНИЛИ нема ниеден од петте својства, од кои секое од нив треба да го нема барем во еден член на множество на функционално потполни оператори. (запазување на точност, запазување на неточност, линеарност, монотолност, самодвојност). Затоа НИЛИ само по себе е доволно за цело множество. Заедничка негацијаНИЛИ ја има интересната одлика што сите други логички оператори можат да се изразат по пат на разни функции на НИЛИ.
Логичкиот оператор НИ исто така може да ги изрази сите логички операции. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia