Заземјување![]() Заземјување или земја — израз што има повеќе значења во зависност од специфичните области на примена. Заземјувањето може да биде референтна точка во електрично коло во однос на која се мерат други напони, заеднички повратен пат за електричната струја или директна физичка врска со тлото, за потребите за заштита од удар на молња (громобран) и изедначување на потенцијалите. Електричните кола можат да бидат споени со земјата од неколку причини. Во куќните инсталации, врската со земјата е од безбедносни причини, за да се спречи појава на опасен напон во случај на дефект на електричната изолација. Врската со земјата помага за ограничување на напонот меѓу електричното коло и земјата, штитејќи ја изолацијата од оштетување заради претеран напон. СимболиНекои симболи на заземјување се прикажани на сликите. Точката на нултиот потенцијал на реален уред може но не мора да биде физички поврзана со земјата. Во куќните електрични инсталации, спроводникот на заземјувањето мора да биде физички поврзан со земјата.
Куќни електрични инсталацииВо куќните инсталации, заземјувањето е жица со електричен спој со земјата. Во случај на дефект, спојот на жицата под напон со заземјената жица ќе резултира со моментално јака струја која го исфрла осигурувачот. Од овие причини заземјувачкиот спроводник се поврзува на металните делови на уредите кои можат да дојдат во допир со луѓето. Пренос на електрична енергијаСпроводници споени со земјата често се поставуваат над нормалните високонапонски спроводници за пренос на електрична енергија. Нивната намена е да ги штитат нормалните спроводници од удари на молњи (ги примаат ударите на себе) и ги одведуваат тие струи в земја. Бидејќи спроведуваат струја само ретко, често се прават од челик. ЕлектроникаТерминот земја често се користи за спроводникот на нулти потенцијал и тој е референца за сите напонски мерења. Истиот се смета дека е со потенцијал од 0 V. Ако се каже дека напонот на некоја точка во колото е 5 V, се мисли дека напонот меѓу таа точка и земјата (точката договорно одредена со нулти потенција) е еднаков на 5 V. Спроводникот со нулти потенцијал чест е негативниот вод на напојување на уредите. РадиокомуникацииЕлектричниот спој со земјата се користи како референтен потенцијал на радиосигналите кај одредени видови еднополни антени. Делот кој е во контакт со земјата може да биде едноставен, на пример метални прачки или колци набиени в земја. Ефикасноста на некои видови антени за кратки, средни и долги бранови зависи од доброто заземјување. На пример, вертикалната еднополна антена изискува заземјување кое често се состои од меѓусебно поврзани мрежи на кабли под или над земјата. Громобран![]() Громобранот служи за заштита на објектите од удари на молњи. При ударот, дебелиот метален спроводник ја одведува исклучително големата но краткотрајна струја на молњата во земјата, со што ја ограничува штетата на самиот објект. ПоврзаноЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia