Западноевропско време![]()
Западноевропското време (крат. WET од англиски: Western European Time; UTC±00:00) — часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони:
Сите горенаведени земји освен Исланд применуваат летно сметање на времето, што значи дека се префрлаат на западноевропско летно време (WEST, UTC+1), кое е еден час понапред. Во Британија ова се нарекува „британско летно време“. Појасот во теорија се протега од 7,5° ИГД до 7,5° ЗГД (0° ± 7,5°), но WET не се применува во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Гибралтар и Шпанија, кои користат средноевропско време (CET), иако сите тие се целосно (освен дел од Франција) западно 7,5° ИГД. Обратен случај се Исланд и Источен Гренланд, кои се вклучени во WET иако обете се западно од 7,5° ЗГД. Во минатотоЗападноевропското време во минатото се користело и во други европски земји, земајќи го тогашниот Париски меридијан како појдовна линија:
Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia