Западнохерцеговски кантон
Западнохерцеговскиот кантон е еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина. Кантонот зазема територија на регионот Херцеговина. Географија и населениеКантонот се наоѓа во јужниот дел на земјата. Кантонот има вкупна површина од 1,362 км2 и население од 81,523 жители. Центар на кантонот е Широки Бриег. Во кантонот живее хрватско население, пред и по војната. Пред војната имало и бошњачко малцинство. ОпштиниКантонот ги содржи следните општини: Широки Бриег, Посушје, Груде и Љубушки. СимболиЛокалната власт ги користи грбот и знамето на хрватската самопрогласена република Херцег-Босна, симболи кои ги користи и десеттиот кантон. Исто така судот порачал дека тие симболи не смеат да се користат, но локалната власт ги користи, а полицијата нема никакви симболи во рамките на кантонот. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia