За земјоделството (Катон)За земјоделството (лат. De Agri Cultura) е книга од римскиот автор Катон Постариот. Ова е најстарото зачувано латинско прозно дело. Александар Хју МекДоналд, во неговата статија во „Оксфордскиот класичен речник“ (Oxford Classical Dictionary), вели дека овој есеј датира од околу 160 п.н.е. и забележал дека „и покрај немањето на форма, подробните описи на старите обичаи и суеверија и архаичниот тон, ова сепак било современо дело во кое авторот се раководел според сопствените познавања и искуство со новото капиталистичко земјоделство."[1] Многу подоцнежни дејци искажувале голема почит кон Катон за неговите практични ставови, неговиот стоицизам и неговата и притегната и луцидна проза. Земјоделски рецептиЕден дел од книгата е посветен на рецепти за земјоделски производи. Меѓу нив наоѓаме:
РитуалиКнигата содржи краток дел во кој се зборува за верските ритуали кои ги извршуваат земјоделците. Тука јазикот е сосем традиционален, поархаичен од остатокот од книгата. Меѓу другото, Катон тука зборува за вршењето на суоветаурилиите, благослов на земјата и родот. Текстови и преводи
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia