Здружение „Обединети Бугари во Косово“

Здружение „Обединети Бугари во Косово“
Основана5 ноември, 2015
ЦелБугаризација на горанското малцинство во Косово
СедиштеГорни Крстец, Општина Драгаш, Косово
РегионГора
Службени јазицибугарски и албански
ПретседателРасмин Хамза
Матична организацијаМинистерство за надворешни работи на Бугарија

Здружение „Обединети Бугари во Косово“ (албански: Shoqata „Bullgarët e Bashkuar në Kosovë“) — здружение формирано од министерот за надворешни работи на Бугарија.[1] Здружението има раководна улога во бугаризацијата на горанското малцинство во Косово. Формиран во 5 ноември 2015 г, центар на организацијата е селото Горни Крстец. Прв и сегашен претседател на организацијата е Расмин Хамза.

Цели

Според министерот за надворешни работи на Бугарија, главните цели на организацијата се:[2]

  1. Поддршка за интеграција на „бугарската малцинска заедница“ во Република Косово.
  2. Признавање на „бугарската малцинска заедница“ во Република Косово.
  3. Промоција на бугарскиот јазик и култура во Република Косово.
  4. Неформално образование на бугарски јазик.

Овие цели всушност се дел од современата бугарска пропаганда со кои посакуваат да го бугаризираат горанското малцинство во Косово.

Дејства

Во 2018 г. здружението пратило апел со 459 потписници насочено кон Вјоса Османи за признавувањето на Бугарите во Косово, нивниот апел не бил примен.[3] Подоцна во 2024 г. едиствениот горански пратеник во косовското собрание Неџмидин Сејдилар потврдил во едно интервју со Косово Онлајн дека голем дел од тие којшто се потпишале на апелот не биле информирани за злоупотребата на нивниот потпис при нивната апликација за бугарски пасош.[4]

Во февруари 2023 г. организацијата отворила бугарски клуб во Горни Крстец. Во отворениот ден присуствувале делегати од Бугарија заедно со потпретседателката Јотова. Во септември истата година македонскиот новинар Милошевски открил дека клубот бил затворен пред долго време и дека сопственикот, Расмин Хамза, живеел во Белград заедно со неговата жена.[5] Здружението заедно со Друштво за развивање и интегрирање на бугарската заедница во Косово се единствените функционални бугарски организации во Косово.

Поврзано

Наводи

  1. Пешиќ, Миленко (30 ноември 2017). „Бугари својатају Горанце“. Политика.
  2. „Обединени българи в Косово“, с. Горни Кръстец (2015) — Министер за внатрешни работи на Бугарија
  3. Бонева, Билјана (19 февруари 2023). „Как живеят косовските българи?“. БНТ.
  4. Косово онлајн (31 јануари 2024). "Bulgarization" of Gorans in Kosovo: Is an EU passport stronger than national identity?“. Kosovo Online.
  5. Милошевски, Михаил (29 септември 2023). „Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч“. 360 степени.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya