Здружение „Радко“![]() Здружение „РАДКО“ (бугарски: Сдружение „РАДКО“) е според основачите „самостојна, општествена, национално-културна и политичка организација на Бугарите[1] и бугарофилите во Република Македонија“. Основана на 24 мај 2000 г. Седиштето на организацијата е во градот Охрид. Претседател на организацијата е Владимир Панков (роден Владимир Паунковски) од Охрид. Називот на граѓанското здружение доаѓа од псевдонимот на Иван Михајлов — Радко. Здружението ја користи Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање како поткрепа за својата теза дека Македонската нација не постои дека таа е вештачка творба.[2] ИсторијаЗдружението „РАДКО“ е впишано од Основниот суд во Охрид во регистарот на здруженија на граѓани и фондации на 19 јуни 2000 година.[3] Од самото основање започнува отворено да го негира постоењето на македонскиот национален идентитет. На 21 март 2001 година Уставниот суд на Република Македонија ја поништи регистрација, програмата за работа и статутот на 3дружението како противоуставни под образложение дека „се насочени кон насилно уривање на државниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, односно негирање на неговата самобитност и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост“.[4] По одлуката на македонскиот уставен суд на 4 октомври 2001 г. членовите на Здружение на граѓани „РАДКО“ поднесуваат тужба против Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На 15 јануари 2009 г. „РАДКО“ го добива судскиот спор со одлука на судот дека со забраната за „РАДКО“ била прекршена Европската конвенција за човекови права и правото на здружување.[5][6][7] На 31 јули 2009 година Централниот регистар на Република Македонија уште еден пат го одбива барањето за регистрација со старото образложување на Уставниот суд дека здружението сака "насилно уривање на државниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост", а исто така користење на зборови од јазикот на друга држава - Бугарија, барање на континуитет на старото здружение, избришано од регистарот во 2002 година, несогласност со законот за Здруженијата на граѓаните и фондациите во однос на финансирањето и немање цел на здружението.[8][9] Здружението се залага за целосно остварување на правата на Бугарите во Македонија: Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во Уставот на државата; еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик; афирмација на бугарската историја и култура; заштита од присвојување и фалшифицирање на бугарската историја и култура; возобновување на потребните културно-образовни и црковни институции во Р Македонија по моделот на бугарските културно-образовни и црковни институции коишто постоеа на територијата на Р Македонија во времето на Османлиското Царство; возобновување на духовното и културното единство на Бугарите од Р Македонија и Бугарите од Р. Бугарија; заштита на Бугарите во Р Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид.[10] Во Република Македонија здружението се обвинува за пропаганда на теории од типот на добропознатите тврдења дека Македонија и Македонците се „вештачка творба на Коминтерната и на Србокомунистите“, а исто така за промовирање на теории за бугарскиот карактер на историјата на Македонците.[5][11][12][13] Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia