Зебресто печатена лента![]() Зебресто печатена лента, или ригесто печатена лента, ― лента за подигање на свеста за невообичаени или ретки болести и карциноми, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на невроендокрини тумори, карциноиден карцином, Елерс-Данлосови синдроми, Виплова болест и свесност за други ретки болести, рак и нарушувања. Зебрата е користена како симбол за ретки болести од околу 1940 година. Д-р Теодор Вудворд, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд[1] го користел овој поим за да ги научи студентите на основите на дијагностицирање на болеста: Кога се гледани симптомите на пациентот, подобро е да се претпостави дека тоа е вообичаена болест, а не ретка - коњ наместо зебра.[1] Националниот Ден на ретки болести е одржуван на 29 февруари, но се поместува за еден ден во непрестапните години. Овој ден бил промовиран од Европската организација за ретки болести и сега е признат ширум светот. Симболот за свесност за ретки болести е црно-бела лента со риги.[2] Во Соединетите Држави, Националната организација за ретки нарушувања ги изнесува на виделина ретките болести, наведувајќи и дефинирајќи повеќе од 1.200 ретки болести кои спаѓаат во зебрестата лента за подигање на свеста.[3] Една од најретките болести на листата е невроендокрините тумори; оваа дијагноза е дадена само на 2% од ракот во Соединетите Држави. Овој рак може да остане недијагностициран долго време поради тешкотиите во откривањето и дијагностицирањето.[4] Випловата болест, уште една ретка болест на списокот, е бактериска инфекција која често е мешана со други болести, која бара биопсија на желудникот или дванаесетпалечното црево во потрага по бактеријата Tropheryma Whipplei.[5] Зебрестата лентата е користена и за свесност за Елерс-Данлосовите синдроми, група генетски болести на сврзното ткиво.[6] Денот на ретки болестиЗебресто печатената лентата е популаризирана на Денот на ретки болести,[7] исто така познат како Ден на свесноста за ретки болести, кој започнал во 2008 година.[8][9] Датумот 29 февруари е избран бидејќи е „редок ден“ поради престапната година.[10] Во годините кои не се престапни, Денот на ретките болести е одржуван на 28 февруари.[11] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia