Зеланд (регион)
![]() ![]() Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) еденод 5-те региони на Данска, сместен во источниот дел во државата. Управното седиште на регионот е во градот Соре, а најголем е Роскилде. Положба и границиРегионот го опфаќа источниот дел на Данска и во потполност е островски. Границите на округот се морски:
Природни условиРегионот Зеланд е во целост островски. Најголем остров е истоимениот остров Зеланд, истовремено и најголем во Данска. Тоа не е во потполност во рамките на регионот, туку неговиот североисточен дел претставува дел од малиот Престолнински регион (Голем Копенхаген). Значајни острови се и: Лоланд, Фастер и Мен, кои сите се наоѓаат на јужниот брег, во рамките на Балтичко Море. Брегот е доста разгранет, со многу мали заливи, полуострови, премини и крајбрежни острови. Целиот регион е рамничарски, со надморска височина од 120 метри (исток на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголемиот дел е под земјоделско одгледување. НаселениеСпоред последниот попис од 2010 година во регионот Зеланд живеат околу 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е претежно рурално отколку што е просекот за целата држава. Сето тоа постепено се менува, поради што подрачјето на Копенхаген сè повеќе се шири на сметка на североисточните делови на регионот. Густината на населеност на регионот е околу 113 жит/км2, што претставува нешто помалку од државниот просек (127 жит/км2). Североисточниот дел, блиску Копенхаген, е подобро населен отколку останатиот дел. ОпштиниВо Зеланд има 17 општини, и тоа:
ГрадовиЗначајни градови во регионот се: |
Portal di Ensiklopedia Dunia