Зелена политика![]() Зелена политика или екополитика е политичка идеологија која има за цел да го поттикне еколошки одржливото општество, вкоренето во правата на животна средина, ненасилството, социјалната правда и грасрутс демократијата.[1][2] Идеологијата започнала да се гради во западниот свет во 1970-тите; оттогаш се развиваат зелените партии кои се етаблираат во многу земји ширум светот, дел од кои постигнуваат значаен изборен успех. Политичкиот термин „зелено“ се употребувал првично во однос на Зелените,[3][4] германска политичка партија формирана кон крајот на 1970-тите, чии тогашни гледишта се слични со денешните основи на зелената политика.[5] Поддржувачите на зелената политика споделуваат многу идеи со конзерваторските, еколошките, феминистичките и мировните движења. Покрај демократијата и еколошките проблеми, зелената политика се занимава со граѓански слободи, социјална правда, ненасилство, понекогаш варијанти на локализам и има тенденција да го поддржува социјалниот прогресивизам.[6] Платформите на зелените партии во голема мера се сметаат за леви во политичкиот спектар. Зелената идеологија има поврзаност со разни други екоцентрични политички идеологии, вклучувајќи го и екофеминизмот, еко-социјализмот и зелениот анархизам, но постои дебата за тоа до кој степен овие идеологии може да се гледаат како форми на зелена политика.[7] Сообразно на развојот на левичарската зелена политичка филозофија, поларно се појавува и движење во десницата кое вклучува еколошки компоненти, како што се еко-капитализам и зелен конзервативизам. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia