Земјини полутопки![]() ![]() Во географијата и картографијата, полутопките на Земјата се секоја поделба на земјината топка на две еднакви половини (полутопки или хемисфери), обично поделени на северна и јужна половина со екваторот или на западна и источна половина со замислена линија што минува низ половите. Полутопките може да се поделени според: географски, културни, религиозни или врз основа на други географски одлики. Ваквата поделба на Земјата е од суштинско значење за проучувањето на Земјата, културните разлики и други географски одлики.[1] Географски полутопкиГеографските полутопки, првенствено се поделени со: Екваторот (северна и јужна) и Гриничкиот меридијан (источна и западна): Северна и Јужна полутопка а. Северна полутопка е полутопката што се наоѓа северно од екваторот. Оваа полутопка содржи приближно 68% од копното на Земјата и е дом на околу 90% од светското население. Ги вклучува: Северна Америка, Европа, Азија, поголемиот дел од Африка и северните делови на Јужна Америка. б. Јужна полутопка е полутопката што се наоѓа јужно од екваторот. Содржи само 32% од копното на Земјата и е дом на околу 10% од светското население. Ги вклучува: најголем дел од Јужна Америка, Австралија, Антарктикот и јужните делови на Африка. Источна и Западна полутопка а. Источната полутопка е полутопката што се наоѓа источно од гриничкиот меридијан и западно од 180. меридијан. Оваа полутопка го вклучува најголемиот дел од: Африка, Европа, Азија и Австралија, како и Индискиот и западниот дел на Тихиот Океан. б. Западната полутопка е полутопката што се наоѓа западно од гриничкиот меридијан и источно од 180. меридијан. Оваа полутопка ги вклучува Северна и Јужна Америка, источниот дел од Тихиот Океан и поголемиот дел од Атлантскиот Океан. Други полутопки на ЗемјатаЗемјините полутопки можат да ја поделат Земјата според: културни, религиозни белези или да го максимизираат значењето на географските одлики.[2] Како на пример: Културолошки и религиозни полутопки а. Источната полутопка воглавно е поврзана со источните култури и религии, како што се будизмот, хиндуизмот, конфуцијанството и исламот. б. Западната полутопка воглавно е поврзана со западната култура и религии, пред се христијанството. Полутопки засновани на географски критериуми а. Земјата може да биде поделена на полутопки според промената на денот и ноќта, односно граница помеѓу осветлените и темните страни на планетата. Оваа поделба постојано се менува додека Земјата се врти. б. Полутопка која започнува од 20° З.Г.Д. сé до 160° И.Г.Д.: Оваа алтернативна поделба го спречува расцепувањето на Африка и Европа. Копнено-водени полутопкиАлтернативните граници помеѓу полутопките можат да ја поделат планетата на начин што го максимизира значењето на една или друга географска одлика, како што е поделбата копно-вода: Копнената полутопка има средишна точка во близина на градот Нант, Франција (47° С.Г.Ш. и 1°И.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина со копно, вклучувајќи ги повеќето континенти во светот.. Водената полутопка има средишна точка јужниот дел на Тихиот Океан (47° Ј.Г.Ш. и 179°З.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина на вода, вклучувајќи ги најголемиот дел од Индискиот, Атлантскиот и Тихиот Океан. Овие поделби помагаат при различни истражувања, со цел да бидат разбрани и претставени разни географски одлики на Земјата. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia