Златица (растение)
![]() Златица (челеби гранка, златна прачка) или лат. е растение од семејството на главонозите. Опис на растениетоПовеќегодишно зелјесто растение високо 20-100 см, исправено, најчесто неразгрането стебло кое е тркалезно и благо избраздено по должината. Долниот дел од стеблото е гол, додека горниот е обраснат со проредени тенки, кратки влакна. Листовите имаат наизменичен распоред, долните се на кратка дршка и се назабени како пила, а горните се без дршка и имаат цел раб. Јазичестите и цевчестите цветови се собрани во жолти, миризливи главички а тие се групирани во густи, гроздести или метличести цветови. Хемиски состав на лекотКако лек се употребува горниот дел од растението во цветање. Освен за медицински цели, култивираните видови златици се користат како украсни растенија, а цветовите потопени во вода се средство за боење на волна и свила. Целото растение содржи лековити материи, од кои најважни се танини, сапонини, горчливи материи, флавоноиди, боени материи, органски киселини, етерично масло и други. Се користи како чај, тинктура (во 70% алкохол), вино. УпотребаВо народната медицина е познато како средство за лекување на болести на бубрезите и мочните патишта. Ја смирува кашлицата, го подобрува искашлувањето на секретот и помага при запаление на крајниците, болки во грлото и белите дробови, како и кај бронхитис и астма. Ја намалува болката при ревматизам, гихт и артритис, како и некои хронични кожни болести. Поради содржината на танини, се користи кај воспаленија за плакнење на устата и грлото и кај дијареа предизвикана од никнувањето на забите кај децата а го подобрува заздравувањето на раните после вадење на забите. Официјалната медицина исто така ги препознава лековитите ефекти на ова растение, па се користи за правење на различни лековити чаеви, прашоци, масти и креми. Употребата на гранки од златица поради присуство насапонин е ограничена на 4-6 недели во пропишаните дози. Освен тоа некаде во литературата се среќаваат податоци за отровоста на оваа растение, па затоа се препорачува претпазливост при неговото користење . Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia