Змеј (хороскопски знак)![]() Змеј (кинески: трад. 龍, упр. 龙, пинјин: lóng, мктр. лунг) — петти знак во дванаесетгодишниот циклус на животни од кинескиот хороскоп поврзан со кинескиот календар. Годината на змејот му принадлежи на симболот на земската гранка чен (辰). Предложено е дека знакот на земската гранка може да се поврзувала со скорпии; може да ја симболизирала ѕвездата Антарес.[1] Во будистичкиот календар кој се користи во Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Шри Ланка, змејот е заменет со нагите.[2] Во хороскопот на народот Гурунзи, таа улога ја има орелот.[3] Персискиот хороскоп место змеј има кит, а во старотурскиот календар тоа е риба. Годините и петте елементи![]() Лицата родени помеѓу овие датуми се вели дека се родени во „година на Змејот“, носејќи некој од следниве елементарни знаци:
Годините на змејот бележат значителен прираст на новородени деца во земјите што го следат кинескиот хороскоп (или оние со значителна кинеска дијаспора) бидејќи овие „змејски деца“ се сметаат за среќни и имаат одлики кои се верува дека ќе им донесат благосостојбен и бериќетен живот.[4][5] Ваквото временско планирање на раѓањето на децата е релативно нова појава, која предизвикува преоптовареност на породилиштата, па дури и зголемена смртност кај новороденчињата кон крајот на дадената година поради исцрпеноста на ресурсите посветени на новороденчињата.[6] Складност
Циклус: (третинска група) — на змејот му треба мајмунот, на мајмунот му треба стаорецот, на стаорецот му треба змејот; (спротивен знак) но неговиот соперник му се спротивставува на кучето. Основни астролошки елементи
Однос со другите знациОд сите дванаесет знаци, мајмунот најдобро се разбира со змејот. Итриот стаорец може да биде добар ортак на змејот кога сакаат да постигнат нешто големо. Оние чиј знак е змејот можат среќно да живеат со змијата, бидејќи таа ја спречува неговата разузданост. Лицата чи знаци се петелот, змијата, свињата, зајакот, козата, тигарот и коњот се пријателски наклонети кон змејот, бидејќи ги ценат неговото држење и неговата сила.[7] Два змеја добро се сложуваат бидејќи лежат по цел ден. Меѓутоа, односот помеѓу змејот и волот и необично напнат, бидејќи обата знака се величествени. Змејот им задава главоболки на кучињата, кои негодуваат во негово присуство поради нивниот чуварско-стражарски карактер.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia