Знаме на Естонската Советска Социјалистичка Република

Знаме на Естонската ССР.

Знамето на Естонската Советска Социјалистичка Република било усвоено на 6 февруари 1953 година од страна на владата на тогашната Естонска ССР. Било во употреба до 7 август 1990 година кога било заменето со денешното знаме на Естонија.

Дизајн и историја

Знамето било со црвена боја и со сино-бели брановидни линии кои го симболизираат Балтичкото Море. Во горниот лев агол се наоѓа златен срп и чекан над кои се наоѓа петокрака.

Пред усвојувањето на ова знаме, од 27 јули 1940 година во употреба било знаме со црвена боја со златен срп и чекан во горниот лев агол над кои стоел натпис на латиница ENSV (естонски: Eesti Nõukogude Sotsialistlik Vabariik).

Историски знамиња

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya