Знамето на Микронезија е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 10 ноември 1979 година. Знамето е составено од сина позадина на која приказ на четири бели ѕвезди. Сината боја го симболизира Тихиот Океан, додека ѕвездите ги симболизираат четирите островски групи и федерални единици: Чук, Понпеј, Кошрај и Јап.
Ова знаме е засновано на знамето на Доверливата Територија на Тихоокеански Острови, кое било сино со шест ѕвезди. Двете додатни ѕвезди ги претставувале поранешните членки, а денес независни држави, Палау и Маршалски Острови и американската територија Северни Маријански Острови. Кошрај и Понпеј биле претставени од една ѕвезда.
Историски знамиња
-
Знаме на Доверливата Територија на Тихоокеански Острови (1965 - 1978)
-
Знаме на ООН кое се користело во Микронезија (1947 - 1965)
-
Знаме на САД, кое се користело во Микронезија (1944 - 1986)
Поврзано
Знаме на Океанија |
---|
| Држави | |
---|
| Зависни територии | |
---|
| 1 Држави кои се сметаат како дел од друг континент, во овој случај Азија. |
|