Знаме на Северна Ирска![]() ![]() ![]() ![]() Знаме на Северна Ирска — обележје на Северна Ирска кое нема службен статус со распуштањето на самоуправното законодавство, кое го отповикало во 1972 и укинало во 1973 г.[1] Дотогаш како национално знаме се користел Алстерскиот бајрак, а денес во службени пригоди, британската влада го корирсти сојузното знаме (знамето на Велика Британија и Северна Ирска), а истото е единственото службено знаме на владата на Северна Ирска.[2] Британската влада сепак понекогаш го истакнува Крстот на Свети Патрик заедно со другите земји од Обединетото Кралство во неслужбено својство. Унионистите и натаму го користат Алстерскиот бајрак, и истото важи за спортски клубови и местата со кои владеат на месно ниво.[3] Крстот на Свети Патрик и Алстерскиот бајрак сепак не смеат да се веат на управни згради во Северна Ирска.[4] Крст на Свети ПатрикКрстот на Свети Патрик е црвен Андреин крст на бело поле кој се користи од 1783 г. во значката на Ордент на Свети Патрик. Со припојувањето на Ирска кон Британија во 1800 г., крстот е придодаден кон знамето на Велика Британија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia