Зоза (Германија)
Зоза (германски: Sosa) — село и поранешна општина во западните Рудни Планини, во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Таа е покраинско признат здравствен центар, кој припаѓа на градот Ајбеншток од 1 јануари 2011. ГеографијаЗоза се наоѓа на двете страни на слично именуваниот поток Зозабах на височина помеѓу 550 и 817 метри надморска височина. Исто така, во селото е и Rote Grube. ИсторијаЗоза започнал како шумарско село (Waldhufendorf). Во 1453 првпат бил споменат како Sossaw, иако се верува дека неговите почетоци се од 13. век. Луѓето првично ја работеле земјата; меѓутоа, од 18. век па натаму, рударството добило на значење. Во втората половина на 19. век, рударството изгубило на значајност и многу емигрирале во Цвикау. Имало кратко заживување помеѓу 1947 и 1956, кога советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, или SDAG Wismut) започнала рудник за ураниум. Движење на населениетоРазвојот на населението (31 декември):
Култура и знаменитостиПомеѓу 1949 и 1952 било изградено вештачкото езеро Зоза. Неговата брана е скоро 60 метри висока, а нејзината површина е 39,3 хектари. Познати луѓе
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia