Зона Замфирова (филм)
![]() Зона Замфирова е српски филм од 2002 година кој претставува љубовна приказна меѓу членовите на различни општествени слоеви, кујунџијата Мане (Војин Четковиќ) и богатата ќерка Зона (Катарина Радивојевиќ), сместена во амбиентот на Ниш од крајот на 19 век.[1] Замислен многу амбициозно, филмот ги надмина сите очекувања во поглед на гледаноста и заработката, а според некои извори станал и најгледаниот српски филм на сите времиња.[2] Филмот бил премиерно прикажан на 31 октомври 2002 година во Белград.[3] СинопсисФилмот ја следи судбината на хероината Зона, ќерка на чорбаџија која е вљубена во кујунџијата Мане. Кога тетка Дока ја бара раката на Зона за Мане, тој е одбиен и повреден до смрт. Тој се одмаздува и неговата одмазда директно влијае на угледот на Зона... Но, љубовта знае како да ги надмине сите препреки и двајца љубовници наоѓаат начини да се спојат...[1] УлогиЗа филмотЗона Замфирова е најгледаниот српски филм од 2002 година, со 1.082.052 гледачи во српските кина.[4] Филмот е снимен во формат 16:9, а издаден е примерок од филмот 4:3, специјално за телевизија. Филмот има 5,1 Dolby Digital звук. Филмот е снимен од 18 јуни до 22 јули 2002 година во Ниш, Пирот и Сокобања. Награди
ДВД изданиеДВД изданието на филмот беше објавено на 1 октомври 2003 година. Содржи посебни додатоци, како што се: Избор на сцени, доживувања од снимањето, трејлер, интервјуа со режисерот и глумците, фотогалерија, репортажа од премиерата на филмот во Сава Центар и музички спотови. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia