Зоолошка градина Лупа
Зоолошката градина Лупа — зоолошка градина со површина од 18 ари (7.3 хектари) која е во приватна сопственост и управа, лоцирана во Лудлоу, Масачусетс, Соединетите Американски Држави. ИсторијаЗоолошката градина била создадена од Хенри и Џоан Лупа, кои емигрирале од Полска во 1960-тите. Тие купиле фарма во Лудлоу и сместиле мала колекција на животни. Првично, Хенри Лупа основал компанија за уредување, а потоа и градежна компанија, но на крајот решил да отвори зоолошка градина, бидејќи локалните семејства често доаѓале да ги посетат животните на нивната фарма. Зоолошката градина Лупа официјално била отворена во 1996 година, а добила лиценца од Министерството за земјоделство на САД во 2002 година.[2] Џоан Лупа станала единствена сопственичка на зоолошката градина по смртта на нејзиниот сопруг во 2013 година.[3][4] Во 2018 година, имало инцидент во кој капибара побегнал од својата ограда откако обилните дождови ја оштетиле. Бил повторно заробен од Управата на диви животни на Министерство за земјоделство и вратен во зоолошката градина.[5] ЕкспонатиЕкспонатите вклучуваат индиски паун, фенек лисица, коати, алдабранска џиновска желка, коза и пигмејска коза, орикс, мунтјак, лилјак, Валаби, прериско куче, бинтуронг, сервал, видра, алпака, американски бизон, магаре, тапир, бактриска камила, нилгаи, зебра, хималајска црна мечка, обичен ној, ему, крава, елен, ара и лисица. КонтроверзностЗоолошката градина добила критики за нејзините повторени прекршувања на правилата поставени од Министерството за земјоделство.[6] Загрозена африканска антилопа избегала од зоолошката градина Лупа во Масачусетс во април 2023 година, кога бура го оштетила нејзиниот заграден простор. Таа била фатена пет недели подоцна.[7] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia