Зоран СпасовскиЗоран Спасовски (Скопје 1974) - македонски истражувач - лингвист, преведувач и научен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје ![]() Биографија и творештвоДипломирал во класата на професорите Лилјана Минова-Ѓуркова, Мито Миовски, Живко Цветковски, Људмил Спасов итн. Уште како студент активно се интересира за науката, врши научни истражувања и издава научни трудови. Првиот научен труд, насловен како „Обраќањето во македонскиот јазик“ го издава во 1999 како студент. Главното прашање со кое се занимава во овој труд е употребата на вокативните форми во македонскиот јазик (формите за обраќање - учителу, учителе, учителко, учителке). Трудот образложува дека двојните вокативни форми (на -у и -е за машки род и на -о и -е за женски) имаат и разлика во значењето и дека формите на -у за м.р. и -о за ж.р. се користат не за класично обраќање, туку за припишување карактеристика (и тоа најчесто во погрдна смисла - коњу, волу, овцо, кокошко и сл.), додека тие на -е и за м. и за ж.р. се користат за обраќање во вистинска смисла на зборот, обраќање од почит и убаво обраќање (професоре, професорке // докторе, докторке и сл.; дека обраќање од типот докторко, на пр., би предизвикало негативна конотација). Овој труд успешно е образложен и одбранет уште додека тој е студент. Остатокот од трудот се занимава со нормативни прашања, на пр., при почитателно обраќање, особено кон лица носители на високи (државни) функции, каде треба да стои вокативната форма (на пр., дали е правилно почитуван господине премиере, почитуван господин премиер, почитуван господин премиере или почитуван господине премиер (при што ставот е дека последната форма би требало да е правилна, со оглед што именката господин е овде носител на обраќањето и е модификатор на именката што означува функција; нема потреба насекаде да има обраќање - господине премиере, но некаде и треба да има - не господин премиер, бидејќи во таков случај ништо не сигнализира дека се работи за обраќање). Како студент и постдипломец има пишувано и други научни трудови, кои уште не се објавени. Некои од нив се од сферата на историската реконструкција на словенските јазици, некои од општата лингвистика. Работно искуство
Полиња на интересПримарно се занимава со лични имиња, презимиња и имиња на места. Освен тоа, се интересира и за историска лингвистика, фонологија, реконструктивен метод, делумно за етимологија и за социолингвистика. Исто така, се интересира и за претсловенски и ран словенски период, за античкомакедонскиот јазик од најстаро време (од времето на Асува, Арзава, од микенско време и времето на хетитските извори итн.), потоа јазиците во Византиската Империја и нивната интерференција итн. Го истражува и влијанието на турскиот врз македонскиот и пошироко врз балканските словенски јазици. АктивностиУчествувал на врвни јазични конференции и присутен е на многу славистички, романистички и турколошки конгреси, симпозиуми и конференции во земјата и во странство, на пр. ИЦЛ (меѓународен лингвистички конгрес, врвна општојазична конференција), турколошки конгреси, славистички конференции итн. Има преведено повеќе од дваесет романи и збирки поезија, претежно од турски и од англиски јазик. Објавени делаНаучни дела
Пишува и на други теми како развојот на презимето во македонскиот јазик, двоименскиот именувачки образец (Гаврил + Радомир) како династички модел во Самуиловата династија, балкански социолингвистички феномени - пиџини, јазични сојузи и поголеми јазични целини (полицентрични јазици) итн. Преводи
и уште околу дваесет други новели, претежно класици од турскиот јазик. Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia