Зоран Стефановиќ
Зоран Стефановиќ (роден на 21 ноември 1969 во Лозница, Србија) е српски писател, издавач и меѓународен културен активист.[1] Дебитира во театарот и филмот 1987. Дипломирал во 1994 година на Факултетот за драмски уметности (Универзитетот за уметност во Белград). Живее во Белград. Основоположник на неколку меѓународни културни мрежи. Неговите театарски драми, проза и графички романи се преведени на македонски, романски, словенечки, англиски, француски и полски. Претседател на Друштвото на драмски писатели на Србија (2022).[2] Уметничко делоГолем дел од неговиот уметнички опус спаѓа во фантастиката - во театарот ("Словенски Орфеј", македонска праизведба, режија: Горан Тренчовски;[3][4] "Сказна за космичкото јајце / Скаска о космичком јајету"), стрипот ("Третиот аргумент / Трећи аргумент", со уметник Зоран Туциќ врз основа на приказната од Милорад Павиќ, "Под волчјиот печат / Под вучјим жигом"), прозата ("Преку Дрина, со искра во окото / Преко Дрине, са искром у оку", "Време на бучава и бес / Време буке и беса") и во филмот и телевизијата ("Тесни патеки / Уске стазе").[5] Останатиот дел од неговиот опус е од документарна природа, како ТВ-серијата "Јанусовото лице на историјата / Јанусово лице историје", или филмовите "Животите на Коста Хакман / Животи Косте Хакмана" и "Музика на тишината / Музика тишине". Културна работаТој е основоположник на неколку меѓународни културни мрежи и издавачки проекти: "Проектот Растко" (мрежа на дигитални библиотеки),[6] "Дистрибуирани коректори Европа" (меѓународна дигитализација на културното наследство), "Проектот Гутенберг Европа" (бета верзија, јавни дигитални библиотеки), и слични заедници и потфати во областа на издаваштвото, дигитализацијата, лексикографијата, а поп-културата. Не ограничувајќи се само на Интернетот, беше активен и во бројни културни, научни и издавачки проекти во Евроазија од 1993 година, особено во земјите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија, Грција, Украина, Русија, Полска, вклучувајќи ги и потфатите за зачувување на малцинските и племенските култури на Евроазија или иницијативата за "Балканска културна мрежа" (заедно со грчкиот културен активист и музички продуцент Никос Валканос и со други колеги). Неговите општествени ставови вклучуваат и силно застапување на филозофијата на "отворени извори" и слободно знаење, како "цивилизациски темели на секое човечко општество". Активно поддржува неколку регионални Википедии, особено во Источна Европа, уште од нивното основање.[7] Награди и признанијаКако писател, драматург и сценарист беше национално и меѓународно наградуван и номиниран околу петнаест пати, вклучувајќи ги и номинациите за наградата "Prix Europa" во Берлин и "Prix Italia" во Рим. За својата културно-издавачка работа национално и меѓународно е признаен дваесетина пати, вклучувајќи ги и: номинацијата за "United Nations World Summit Award", трипати годишната награда на Друштвото на информатичарите на Србија и десет "YU Web Top 50" (сега "SR Web Top 50") признанија. Извори
Врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia