Зуење во ушите![]() Зуење во ушите (латински: Tinnitus) е симптом што се јавува кај лицата кои подолго време биле изложени на бучава, но може да биде и придружен симптом на бројни заболувања. Тинитус е звук кој се јавува во внатрешното уво, а истовремено претставува и моментна психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и во главата без да постои реален извор на звук во околината. Пациентите различно го опишуваат тинитусот: како гласен звук, зуење, силна позадинска бучава, ѕвонење, пиштење, пулсирање или шушкање.[1] Според одредени процени, околу 20% од населението страда од тинитус. Инаку, името „тинитус“ на латински значи ѕвонење или зуење како ѕвонче. Видови тинитусПостојат неколку типови тинитус:[1]
ПричиниЗуењето во ушите не е болест, туку симптом. Најчесто, станува збор за безопасен симптом, предизвикан од подолга изложеност на силна бучава. Сепак, тинитусот може да биде придружен симптом на бројни заболувања, во пред ред на надворешното, средното и внатрешното уво. Исто така, зуењето во ушите може да биде симптом на васкуларни нарушувања или патолошки промени во околните структури, а може да се појави и како последица на ототоксични лекови.[2] ТерапијаСпоред препораките на Здружението за тинитус, во акутната фаза на зуењето во ушите се препорачуваат лекови што ја подобруваат циркулацијата во увото. Исто така, според одредени истражувања, во лекувањето на зуењето во ушите има екстрактот на гинкото, особено ако се зема препорачаната доза во подолг временски период.[1] [2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia