Игор Киров
Игор Киров (Штип, 21 февруари 1976) е македонски кореограф. ЖивотописИгор Киров е роден во Штип на 21 февруари 1976 година. Својата балетска едукација ја започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје, а продолжува на престижната Академија за модерен танц во Ротердам, Холандија(Rotterdam Dance Academy). Магистрира на Институтот за уметничка игра во Белград, Србија. Како танчер има работено во многу европски танцови компании, соработувајки со голем број на реномирани кореографи како Ицик Галили, Тон Симонс, Бил Т.Џонс, Стивен Петронио, Јакопо Годани, Ед Вубе, Карлос Матос, Меи Хонг Ли и др. Игор Киров, својот кореографски опус го започнува уште како танчер додека работи во танцовите компании. Од тогаш па натаму, Киров работел како кореограф за многу национални балетски куќи и компании низ светот: Македонска опера и балет, Хрватското народно казалиште во Сплит и Риека, Националните театри во Германија (Олденбург, Мајнц, Дармштад, Дрезден, Штутгарт), Операта во Грац и Државниот театар во Клагенфурт, Австрија, Градскиот театар во Сент Гален, Швајцарија, Операта во Бордо, Франција, Орландо Балет во Орландо, САД, Масданса на Канарските Острови, Екилибро Динамико во Бари, Италија, Мупа Театарот во Будимпешта, Унгарија, како и Сиданс Фестивалот во Сеул, Јужна Кореја. Во 2007 година, Игор Киров ја основа својата танцова трупа The Kirov Dance Company, со која има освоено бројни награди и признанија. Заедно со Мојца Мајцен, го основа Balkan Dance Project, со цел да се поврзат млади и талентирани танчери и кореографи од регионот. Како визитинг-професор предавал на академиите во Минхен, Скопје, Белград и Токио. Од 2015 до 2020 година, Игор Киров беше уметнички директор на балетот на Хрватското народно казалиште во Сплит. Кореографии
Награди
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia